Контакт

Вести

Џихадистите разориле асирски храм во Ирак.ВИДЕО

Објавено пред

Припадниците на екстремната сунитска организација Исламска држава објавија снимка на којашто се гледа како експлозија го разорува храмот стар три илјади години во асирскиот град Нимруд, на северот од Ирак, во нивниот најнов напад врз едно од најголемите археолошки и историски богатства на светот.
 

dobivaj vesti na viber

Припадниците на екстремната сунитска организација Исламска држава објавија снимка на којашто се гледа како експлозија го разорува храмот стар три илјади години во асирскиот град Нимруд, на северот од Ирак, во нивниот најнов напад врз едно од најголемите археолошки и историски богатства на светот.

 

Обединетите нации во изјава од ноќта кон четвртокот потврдија дека сателитските снимки покажуваат „голема штета на главниот влез во храмот“ посветен на вавилонскиот бог на мудроста Набуу.

Древниот асирски град Нимруд се наоѓа на реката Тигрис, 20 километри југоисточно од Мосул, кој екстремната сунитска групација Исламска држава го контролира од јуни 2014 година, а во Библијата се среќава под името Калах. Изграден е за време на владеењето на асирскиот крал Шалманесер, меѓу 1274 и 1245 година пред Христа и своевремено бил престолнина на новото асирска царство, во тој период најмоќната држава на светот.

Датумот на видео снимката не е позната, а агенцијата Reuters во четвртокот објави дека не можела од независни извори да ја потврди нејзината автентичност.

На снимката се гледаат булдожери како ја уриваат древната „Порта на Нергал“, дел од историските градски ѕидини на Мосул, за што беше објавено претходно годинава. Брадест маж на видео снимката вели дека целта на оваа деструкција е да се спречат муслиманите да се вратат кон идолатријата.

Според апсолутистичкото толкување на исламот, џихадистите тврдат дека скулптурите и кралските гробници се идоли и затоа мора да бидат уништени. Џихадистите пред разорувањето темелно го ограбиле локалитетот, а ирачките функционери и претходно истакнуваа дека џихадистите ги ограбуваат уметничките дела и антиквитетите и ги продаваат на нелегалниот пазар со што делумно ја финансираат својата војна. Археолозите нападот врз ирачкото културно наследство го споредија со талибанското уривање на џиновските Буди во Бамијан во 2001 година во Авганистан, меѓутоа проценуваат дека штетата во Ирак е многу поголема и позначителна.

Денешен Ирак се простира на просторот на колепката на цивилизацијата каде што се појавени првпат земјоделието и писмото меѓу теченијата на реките Тигрис и Еуфрат, пред повеќе од 5.000 години. Многу древни градови и царства се дел од светсктоо културно наследство и библискиот Стар завет. На ирачкиот југ, кој сé уште е поштеден до смртоносните и разурнувачки походи и грабежи, лежат градовите Вавилон, каде се наоѓало едно од седумте чуда на античкиот свет Семирамидините висечки градини, потоа градот Ур, родното место на библискиот патријарх Абрахам, како и градовите Самара, Багдад и Ктезифонт, царските престолнини на Арапите и на Персијците.

Кон крајот на јули 2014 година сунитските џихадисти од групата Исламска држава (IS – поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот – ISIL) опожарија древна црква од III век во северниот орачки град Мосул кој го држат под контрола од почетокот на нивниот бунт. Мосул е вториот по големина град во Ирак и центар на северната провинција Нинива. Претходно во јуни ‎сунитските радикални бунтовници ги разурнале светилиштата и џамиите во Мосул. Најмалку четири сунитски и суфиски светилишта, како и шест шиитски џамии се уништени во областите на северната ирачка провинција Нинива. Фотографиите кои на интернет ги објавија борците на џихадистичката група Исламска држава (IS), покажуваа булдожери кои уриваат сунитски и суфиски светилишта. Шиитските џамии биле уништени со експлозив, а беше објавено и дека џихадистите заземале и сквернавеле две христијански цркви. Од нив ги симнале крстовите и го истакнале црното знаме на џихадистичката група.

Слични акции на уништување на верски објекти и светилишта, особено од туѓи религии, презимаа припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан во Авганистан каде што во 1998 година прогласија „исламски емират“. Во 2001 година, талибаните со ракети и експлозив го уништија еден од најпознатите во светот културно-историски споменици од пред-исламскиот период на Авганистан (меѓу III и V век) – издлабените во карпи гигантски статуи на Буда во авганистанската провинција Бамиан, коишто се сметаа за највисоките скулптури во светот од овој вид, и без заштитени од УНЕСКО.

Изминатите две години, пак, побунетите исламистите во северноафриканската држава Мали ги уриваа прочуените мавзолеи во Тимбукту, како и други историски и културно важни три зданија во овој митски град. Уништување на спомениците започна во Мали во јули 2012 кога припадници на радикалното исламистичко движење Ансар ал-Дин (Бранителите на верата) го уништија мавзолејот на шеикот Махмуд во Тимбукту и две други гробници на важни свети личности за исламот. Тие изјавија дека имаат намера да ги уништи сите 16 гробници коишто се вброени во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, оправдувајќи го вандализмот со „сѐ што не е ислам (според нивното толкување). не е добро и човек мора да му се поклонува само на Бог“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија5 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија5 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија5 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет6 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет6 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија7 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион8 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет8 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет8 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион9 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија18 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија19 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...