Контакт

Вести

Џихадистите во ирачки Мосул уништија црква од III век

Објавено пред

Сунитските џихадисти од групата Исламска држава (IS – поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот – ISIL) опожариле црква од III век во северниот орачки град Мосул кој го држат под контрола од почетокот на нивниот бунт на 9-ти јуни, пренесува во неделата телевизијата Al Arabiya.

Свет Скопје, 20.07.2014 (Макфакс) – 

 

Мосул е вториот по големина град во Ирак и центар на северната провинција Нинива. Пред две седмици телевизијата Al-Arabiya извести дека ‎сунитските радикални бунтовници ги разурнале светилиштата и џамиите во Мосул. Најмалку четири сунитски и суфиски светилишта, како и шест шиитски џамии се уништени во областите на северната ирачка провинција Нинива. Фотографиите кои на интернет ги објавија борците на џихадистичката група Исламска држава (IS), покажуваа булдожери кои уриваат сунитски и суфиски светилишта. Шиитските џамии биле уништени со експлозив, а беше објавено и дека џихадистите заземале и сквернавеле две христијански цркви. Од нив ги симнале крстовите и го истакнале црното знаме на џихадистичката група.

 

Христијаните беа принудени да го напуштат Мосул, бидејќи џихадистите за сите немуслимани одредија месечен данок од 250 американски долари или да ги напуштат своите домови. Во економска ситуација во каква што е Ирак цела деценија, таква сума е речиси невозможно да се собере, па затоа христијаните се принудени да ги напуштат своите вековни огништа. „Христијаните во северен Ирак имаат три можности за решение на овој проблем, да имигрираат, да се одречат од христијанската вера или – смрт“, соопшти неодамна Иранската комисија за човекови права.

 

Групацијата Исламска држава, којашто се разиде со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда поради „недоволна радикалност“ на втората, од пред повеќе од година војува во соседна Сирија, а во јуни го презема водството на сунитскиот бунт во северните и западните области на Ирак. На џихадистите им се придружија сунитските ирачки милитанти предводени од поранешни офицери на ирачкиот диктатор Садам Хусеин, локалните племенски милиции и помали терористички групи. Групацијата на 29-ти јуни објави основање на исламски калифат на териториите коишто се под нејзина контрола, од Алепо во северниот дел на Сирија, до провинцијата Дијала во источен Ирак, а за калиф беше прогласен бунтовничкиот челник Абдула Ибрахим ал-Самараи, познат претходно како Абу Бакр ал-Багдади или како „невидливиот шеик“.

 

Слични акции на уништување на верски објекти и светилишта, особено од туѓи религии,  презимаа припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан во Авганистан каде што во 1998 година прогласија „исламски емират“. Во 2001 година, талибаните со ракети и експлозив го уништија еден од најпознатите во светот културно-историски споменици од пред-исламскиот период на Авганистан (меѓу III и V век) – издлабените во карпи гигантски статуи на Буда во авганистанската провинција Бамиан, коишто се сметаа за највисоките скулптури во светот од овој вид, и без заштитени од УНЕСКО.

 

Изминатите две години, пак, побунетите исламистите во северноафриканската држава Мали ги уриваа прочуените мавзолеи во Тимбукту, како и други историски и културно важни три зданија во овој митски град. Уништување на спомениците започна во Мали во јули 2012 кога припадници на радикалното исламистичко движење Ансар ал-Дин (Бранителите на верата) го уништија мавзолејот на шеикот Махмуд во Тимбукту и две други гробници на важни свети личности за исламот. Тие изјавија дека имаат намера да ги уништи сите 16 гробници коишто се вброени во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, оправдувајќи го вандализмот со „сѐ што не е ислам (според нивното толкување). не е добро и човек мора да му се поклонува само на Бог“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет24 минути

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ37 минути

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет50 минути

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура54 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија56 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион16 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава18 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт19 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија23 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ24 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие