Контакт

Вести

Египет на Израел му ги претстави палестинските услови за примирје

Објавено пред

Египет на Израел во понеделникот навечер му ги претстави палестинските услови за постигнување прекин на огнот во енклавата Појасот Газа, што би можело да создаде услови за поведување преговори со коишто би завршило четиринеделното насилство, пренесува Reuters повикувајќи се на египетски дипломатски извор.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на повеќе палестински фракции, од кои главниот збор го имаа Исламското движење на отпорот (Хамас) и Исламскиот џихад кои се во вооружен судир во Газа со израелската армија, го одржаа во понеделникот својот прв официјален состанок во египетската престолнина Каиро со челникот на египетските разузнавачки служби во обидот да направат заедничка листа од палестинските барања.На списокот, како што беше најавено, се прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили од палестинската енклава Појасот Газа, симнување на целосната блокада на енклавата, ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори и започнување на обновувањето на енклавата, изјавиле за Reuters членови на палестинските делегации.Египет во соопштение објави дека ги повикува Израел и палестинските групации да започнат тридневен прекин на огнот во Газа, започнувајќи од 7 часот наутро во вторник и ги повика да испратат делегации составени од високи функционери во Каиро на преговори чија цел ќе биде постигнувањето долгорочен договор за примирје. „Се надеваме дека ова ќе осигури траен прекин на огнот и обновување на стабилноста“, се вели во соопштението на египетското министерство за надворешни работи.Неименуван египетски извор рекол дека Каиро ара продолжен прекин на огнот кој би ги овозможил преговорите. „Сега го чекаме израелскиот одговор“, додал.„Доколку Израел се согласи на 72-часовно примирје, Египет ќе повика израелска делегација во Каиро на недиректни преговори со палестинската страна за сите прашања“, рекол палестински извор, а друг додал дека се разговарала и за можност од седумдневен прекин на огнот. Два египетски извори изјавија дека Египет има силни сигнали дека и Израел и Палестинците ќе го прифатат 72-часовниот прекин на огнот кој би започнал во вторник во 7 часот наутро по средноевропско време. „Египет има многу силни  знаци дека сите страни ќе го прифатат 72-часовниот прекин на огнот со почеток во 7 часот“, рекол еден од соговорниците на агенцијата./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Шефот за клима на ОН: Имаме уште две години да ја спасиме планетата

Владите, деловниот свет и развојните банки имаат уште две години да направат нешто за да избегнат многу полоши климатски промени,...

Македонија11 часа

Почна увидот по пожарот во Универзална сала – работниците кои беа приведени се пуштени дома

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од скопското јавно обвинителство денеска го...

Топ12 часа

Со автомобил удрено 12 годишно дете во Скопје – МВР трага по возачот кој побегнал од местото на несреќата

Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што...

Свет13 часа

Иран му се закани на Израел дека ќе биде казнет, Израел одговори дека ако има напад ќе возврати

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Израел мора и ќе биде казнет за нападот врз иранскиот...

Македонија14 часа

Универзална изгоре, а политичките партии продолжија меѓусебно да се обвинуваат за пожарот и случувањата во минатите години

По вчерашниот пожар во Универзалната сала, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања. Така, од СДСМ,...

Македонија15 часа

Муслиманите денеска го празнуваат Рамазан Бајрам

Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора...

Регион15 часа

15 дена од убиството на Данка Илиќ, а телото се’ уште го нема – што ќе се случува ако не биде пронајдено

Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) се уште трае, а додека полицијата се обидува да го пронајде местото...

Македонија15 часа

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ

„Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата. Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква...

Свет15 часа

Бајден го нарече „погрешен“ пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за...

Топ1 ден

Tурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против...

Македонија1 ден

(Фото) Мечка нападна сточар на планината Мукос, во атарот на село Оморани

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај...

Македонија1 ден

МВР за пожарот приведе тројца работници, две лица завршија на клиника поради чадот, а уште две останале заглавени во лифт

Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје. Како што информираа од МВР, тројцата во моментот...

Македонија1 ден

Можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, рече сопственикот на фирмата што ја реконструира Универзалната сала

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара...

Македонија1 ден

Милошоски: 25 земји членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши до септември, ама Османи ја скрил информацијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на „Фејсбук“ објави фотографија од допис од 23.2.2024 од МВР на Италија, каде што стои...

Македонија2 дена

Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел, ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој...

Македонија2 дена

(Видео) Локализиран пожарот во Универзалната сала

Локализиран е пожарот што избувна утрово во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Огнот ја уништи...

Топ2 дена

Татко од Велес ги терал своите деца да питаат, па парите ги трошел во казино

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во општина Чашка за...

Македонија2 дена

Пожар во Универзалната сала во Скопје

Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори покривната конструкција. На единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

ВМРО-ДПМНЕ бара Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога, како што оценуваат од оваа партија, катастрофално ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност за безбедноста на граѓаните

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Новото пукање во Чаир во...