Вести
Ердоган: Бегалците умираат, Западот го собира кајмакот од нафтата
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ги обвини европските земји дека колевката на светската цивилизација, Медитеранот, го претворија во гробница за бегалците и според него, Европа е соучесник во смртта на секој бегалец во тој регион.
Потсетувајќи дека морето, во вторникот на брегот во Бодрум, го исфрли безживотното тело на тригодишното сириско дете кое се удави во потонат брод, Ердоган ја праша јавноста дали за оваа трагедија ќе одговара цело човештво.„Во Медитеранот не се дават само мигранти, туку и нашата хуманост, вредноста која нас нè прави она што всушност сме. Бегалците се препуштени на својата судбина на вратите на Европа, праќањето на мигрантите во смрт со потопувањето на бродовите и нечовечкиот однос кон нив на границите се поединечни примери на болната реалност. Показатели се и мртвите тела на жените, децата и старите кои се удавиле во Средоземното и Егејското море во обид да дојдат до мир и благосостојба. Секој изгубен човечки живот е по една рана на нашите срца. Но од тие кои се одговорни за тие животи, не слушнавме, ниту видовме ни тронка каење, ниту грижа на совест“, рече Ердоган.Тој додаде дека Западот не може да ги трпи ниту бегалците кои стигнале на нејзина врата и дека ја изгуби довербата во јавноста дека сака во Ирак, Сирија и Либија да донесе мир и благосостојба, јавува Анадолија.„Отворено ќе ви кажам што се случува. Во Либија и Ирак има нафта и зарем тие не сакаат да ја преземат? Западот сега има 80 отсто од нафтените извори во Ирак. Тие управуваат со нив и го собираат кајмакот,. За останатите 20 отсто велат „ете и за вас“. Истото е и во Либија. Сè додека е така, оваа светска структура е неприфатлива“, тврди Ердоган. Според него, денес не функционира безбедносниот систем кој во светот беше воспоставен по Втората светска војна.Во таквиот систем, според него, не може ништо да се направи доколку тоа не е во интерес на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. „Затоа велиме дека светот е поголем од петте големи. Судбината на речиси 200 земји во светот не може да се препушти на една од петте големи сили. Меѓутоа, тоа некој мора да го каже. Светските медиуми тоа го претставуваат како лошо кога ќе го каже Ердоган. Но нека го прават тоа, јас до крајот на животот, ќе ја зборувам вистината“, тврди Ердоган.Обраќајќи се на отворањето на економската конференција во Анкара, група која ги претставува деловните луѓе од земјите од Г20 предупреди дека не смее да се заборави дека тероризмот може да го сруши цел свет, без оглед каде почнал.Според него, економската конференција нема да ги оствари целите доколку се занимава само со економскиот просперитет на земјите од Г20, без воспоставување на мир благосостојба и безбедност на глобално ниво.„Со жалење морам да кажам дека земјите од Западот не посветија доволно внимание на проблемите кои како кошула во пламен се случија во многу земји, почнувајќи од нашата јужна граница, Сирија и Ирак“, заклучи Ердоган. /крај/мф
Извор: Al Jazeera Balkans
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.