Контакт

Вести

Француски авиони трагаат по АХ5017 на „Ер Алжир“

Објавено пред

Летот АХ5017 на компанијата „Ер Алжир“ на кој патувале 110 патници и шест члена на екипажот во четвртокот исчезна од радарите по само 50 минути од неговото полетување од Буркина Фасо.

CCTV објави дека леталото се урнало и дека сите патници и членови на екипажот загинале во несреќата, но ваквите информации официјално не се потврдени.

 

Руската новинска агенција Риа Новости, повикувајќи се на извештај на алжирската телевизија Ал – Нахар, наведува дека авионот паднал во близина на престолнината на Нигер, Нијамеја, и „дека се претпоставува оти сите патници загинале“.

 

Меѓутоа, можеби дошло до грешка во извештајот за време на неговото пренесување, бидејќи тоа би значело драстично скршнување од курсот на летот и дека АХ5017 веднаш ја променил насоката кон исток.

 

Според достапните информации, пилотот на авионот рано утрото околу еден часот и 38 минути побарал промена на курсот поради слабата видливост, силната бура, како и близината на друг патнички авион во близина на границата на Мали со Алжир, по што се изгубил контактот со леталото.

 

Поради ваквиот сплет на околности, најверојатно во извештајот за наводниот пад на авионот се мислело на реката Нигер, која тече на територијата на Мали.

 

Француското министерство за сообраќај соопштило дека на летот најверојатно имало многу патници од Франција, поради што во Париз е воспоставен кризен штаб, а два француски воени авиона тргнале во потрага по исчезнатото летало.

 

Според некои извештаи, на летот АХ5017  имало најмалку 50 француски државјани.

 

По исчезнувањето на леталото, алжирската национална компанија „Ер Алжир“ соопштила дека е „воспоставен итен протокол“ и дека штом дојде до информации ќе ја извести јавноста за деталите.

 

Според информациите станува збор за авион „Мекдонел Даглас МД – 83“ сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, кој сообраќал на чартер лет од Буркина Фасо до Алжир со кој раководела компанијата „Ер Алжир“.

 

„Свифтер“ соопштил дека нема никаков контакт со леталото.

 

„Навигационите служби го изгубија контактот со авионот на „Ер Алжир“ кој леташе од Уагадугу во Алжир, 50 минути после неговото полетување“, соопштила алжирската авиокомпанија, пренесе алжирската новинска агенција APS.

 

Како што пренесе AFP претставници од Буркина Фасо соопштиле дека пилотот на авионот во близина на границата со Алжир побарал промена на курсот поради слабата видливост и поради близината на друг патнички авион кој летал на линијата Алжир – Бамако.

 

Британскиот „Sky“ наведува дека не е познато дали авионот навистина го променил курсот и додава дека во Мали се водат вооружени судири, но дека не постои веројатност авионот да е урнат.

 

Некои алжирски медиуми тврдат дека авионот паднал откако го потрошил горивото, како и дека во текот на денот биле забележани големи бури во тој регион.

 

Од Уагадугу до Алжир постои редовна линија на „Ер Алжир“ и овој лет се повторува четири пати во неделата.

 

„Свифтер“ е приватна компанија која е специјализирана за чартер летови, а во својата флота поседува повеќе од 30 летала, меѓу кои се моделите „боинг 727“ и „боинг 737“, МД83 и АТР 72.

 

Ова е трет инцидент со патнички авион во последниве седум дена, по соборувањето на малезискиот МХ17 во источна Украина, како и падот на локалниот авион на „Трансазија“ на летот ГЕ222 во Тајван.

 

Во Алжир во февруари се случи најголемата авионска несреќа во историјата на оваа земја кога при пад на воен авион настрадаа 77 лица./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија2 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија3 часа

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија4 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија5 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија6 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија7 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија7 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија8 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија9 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија10 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион10 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет11 час

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија12 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија14 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион14 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија16 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија16 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија16 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија24 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Досие