Контакт

Вести

Индонезија: Спасувачите се пробиваат до местото на падот на авионот кој пренесувал половина милион долари за сиромашните

Објавено пред

Спасувачките екипи во понеделникот започнаа со пробивањето низ тешко пристапното планинско подрачје на коешто, откако во неделата попладнето по локално време од радарите исчезна авионот од типот „ATR 42-300“ на индонезиската воздухопловна компанија „Trigana Air Service“ со 54 патници и членови на екипажот, беа забележани остатоци од авионот со кој индонезиската поштенска компанија превезувала 470 илјади американски долари.

dobivaj vesti na viber

Авионот го ја загубил врската со контролната кула во лоши временски услови десет минути пред слетувањето во Оксибил, на 300 километри јужно од градот од каде што полетал – Џајапура, административен центар на индонезиската источна покраина Папуа.

Во двомоторниот авион „ATR 42-300“ на турбопропелерски погон, имало 44 возрасни патници, пет малолетници и пет членови на екипажот. Со авионот биле пренесувани и 470.000 долари во готовина. Парите, во четири вреќи, потекнувале од јавните фондови, а поштенските службеници ги носеле за сиромашните семејства во покраината Папуа.

„Парите беа наменети за сиромашните семејства. Товарот го придружуваа четворица наши службеници“, изјавил за локалниот портал Tempo, Харионо директор на поштата во Џајапура, кој како и многумина Индонезијци има само презиме.

Авионот на летот IL267, според претпоставките коишто подоцна се остварија, се урнал во тешко пристапно планинско подрачје, односно удрил во планина на 25 километри од своето одредиште. На местото на несреќата во неделата беше испратен друг авион во извидување, кој набрзо се врати поради бурата. Во понеделникот повторно авион за пребарување на теренот го надлетува местото на падот, а спасувачките екипи пешки се пробиваат до местото каде што се забележани остатоци од воздухоплов.

Според специјализираните портали коишто ги следат воздухопловните несреќи, авионот бил во употреба околу 30 години. Компанијата „Trigana Air Service“ е формирана во 1991 година, а во моментов нејзиното седиште е во индонезиската престолнина Џакарта. Таа има забрана за летање во Европската унија, а од почетокот имала 14 несреќи. Флотата на компанијата се состои од 15 патнички авиони, од кои седум од типот „ATR 42-300“, три „ATR 72-200“ и четири „Boeing 737-400“, како и неколку товарни воздухоплови. Компанијата ги сервисира само домашните летови.

Инаку воздухопловните несреќи во Индонезија не се реткост, особено во покраината Папуа во источниот дел од земјата која се протега на најголемиот архипелаг на планетава, каде што има слабо развиена инфраструктура. Во средата едно лице загина и уште шест беа тешко повредени при пад на мал патнички авион „Cessna“ кој се урна при обид да полета од писта на голема надморска височина на аеродромот Ниниа, исто така, во покраината Папуа.

Во јануари годинава мал патнички авион од типот „DHC-6“, исто така, во сопственост на компанијата „Trigana Air Service“ доживеа несреќа при обид принудно да слета на аеродромот кај Енортали на Папуа. Во септември минатата година повеќе од десет луѓе беа повредени кога мал авион на компанијата „Enggang Air“ слета 400 метри подалеку од пистата на аеродромот Мулиа, исто така, на Папуа.

Најголемата авионска несреќа на овој остров се случи, пак, во соседната покраина Западна Папуа во мај 2011 година, кога патничкиот авион од кинеско производство „Xian MA60“ на индонезиската компанија „Merpati“ се уран во морето при обидот да слета во градот Соронг. Тогаш загинаа 21 патник и шест членови на екипажот.

На 30-ти јуни годинава, пак, се случи една од поголемите несреќи во историјата на индонезиското воздухопловство, кога воениот авион од типот „Hercules C-130“ неколку минути по полетувањето се урна врз населба на индонезискиот град Медан. Притоа загинаа 122 патници и 12 членови на екипажот, како и неколку луѓе на земјата. Причината за оваа несреќа сé уште не е официјално соопштена, но се смета дека е дефект на моторот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија14 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија15 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија16 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија17 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија19 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија21 час

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија21 час

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија21 час

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија21 час

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа21 час

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа23 часа

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Погодивме руски спасувачки брод на Крим

Војската на Украина вчера соопшти дека погодила и оштетила еден од најстарите руски спасувачки бродови во Севастопол, базата на руската...

Свет1 ден

Пет ракети лансирани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки...

Свет1 ден

(Видео) На Шри Ланка автомобил влета во гледачите за време на трка, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од...

Македонија2 дена

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да...

Свет2 дена

Бремена жена е убиена денеска во израелски напад во Газа, бебето спасено со царски рез

Девојче се роди денес по итен царски рез на нејзината мајка, која беше убиена во израелски напад врз градот Рафа...