Вести
Ирачките сили одбиле напад на IS во центарот на Рамади
Ирачките безбедносни сили и милициите на локалните сојузнички племиња одбиле напад на Исламската држава (IS) во центарот на Рамади, главниот град на стратешката покраина ал-Анбар, чиј голем дел џихадистите контролираат од почетокот на јуни кога ја започнаа нивната ненадејна офанзива, соопшти во четвртокот ирачки безбедносен извор.
Ирачките безбедносни сили и милициите на локалните сојузнички племиња одбиле напад на Исламската држава (IS) во центарот на Рамади, главниот град на стратешката покраина ал-Анбар, чиј голем дел џихадистите контролираат од почетокот на јуни кога ја започнаа нивната ненадејна офанзива, соопшти во четвртокот ирачки безбедносен извор.
„Успеавме да го запреме напредувањето на борците на Исламската држава во близина на зградата на покраинската владата“, изјавил за AFP полковникот Хајтам ал-Дараји, кој учествувал во борбите.
Борбите започнале околу пладне во четвртокот, по повлекувањето на единици на ирачката војска и полиција од ал-Хоза, секторот кој се простира од јужните населби на Рамади до центарот на градот. Полковникот ал-Дараји додал дека во градот пристигнало засилување.
Во судирот загинале четворица припадници на владините сили, а 21 е ранет, рекол офицерот а бројката настрадани ја потврдиле и болнички извори. Не е познат бројот загинатите меѓу џихадистите.
Речиси целата покраина ал-Анбар е под контрола на џихадистите, а Исламската држава, која сé уште во своите раце има некои населби во Рамади, минатиот петок поведе нова офанзива за да го заземе целиот град, во прв ред неговиот центар каде што се сместени зградите на покраинските власти и на владата во Багдад.
Заземањето на Рамади е од пресудно значење за Исламската држава, бидејќи би и’ овозможило целосна контрола и власт во ал-Анбар, на границата со Јордан, Саудиска Арабија но и Сирија, каде што џихадистите, исто така, контролираат големи територии на коишто на 5-ги јуни прогласија калифат.
„Доколку го загубиме ал-Анбар, ќе го загубиме Ирак“, апелираше во средата навечер преку државната телевизија гувернерот на покраината Ахмед ал-Дулаими од Германија, каде што заздравува од повредите здобиени во гранатирањето од септември./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.