Контакт

Вести

ISIL прогласи исламски калифат

Објавено пред

Џихадистичката рупа Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL), којашто претходните месеци зазема територии од Ирак и од Сирија, во саботата го објави создавањето на исламски калифат и ги повика џихадистите од целиот свет да ѝ се заколнат на верност, објави американската мрежа за следење на исламистичките интернет ресурси SITE.

dobivaj vesti na viber

Еден од претставниците на SITE за Reuters изјави дека групацијата којашто претходно се именуваше како Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL) го сменила името во Исламска држава (Islamic State).Абу Мохамад ал-Аднани, кој истапува како портпарол на ISIL, во своето обраќање поставено на мрежата за размена на видеоматеријали YouTube, првпат го спомена полното име на калифот Абдалах Ибрахим Ауад ал-Самраи.Инаку и од претходно беше позната намерата на Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL) да го обнови средновековниот сунитски калифат кој опфаќа територии од медитеранскиот брег на Либан преку Сирија до ирачката планина Загрос. Така што овој потег сека укажува на сѐ посилните амбиции на групата да води глобална света војна и претставува закана за централното водство на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда којашто претходно се одрече од ISIL поради нејзината преголема радикалност. Според други исламистички страници, Абу Мохамад ал-Аднани всушност соопштил дека за калиф или „шеф на исламската држава“ е избран Абу Бабр ал-Багдади. „Тој е имам и калиф на сите муслимани“, изјавил ал-Аднани во снимената изјава на арапски и преведена на неколку јазици. Ал-Багдади, инаку, го опишуваат како „вистинскиот наследник на Осама бин Ладен“, го нарекуваат уште и „невидливиот шеик“ поради способноста да се маскира и да ги прикрие своите траги.„Согласно тоа, ‘Ирак и Шам’ (Левантот односно Медитеранот) во името на Исламската држава е отстрането од сите официјални соопштенија, Исламска држава е службеното име од денот на овој проглас“, додал ал-Аднани во изјавата.„Задачата на сите муслимани е да бидат верни и да го поддржат… Законитоста на сите емирати, рупи, држави и организации станува ништовна во однос на ширењето на власта на калифатот и доаѓањето на неговите борци на нивните подрачја“, се наведува уште во објавата на Исламската држава.Ал-Аднани бара од приврзаниците во целиот свет со „куршуми да ги пронижат“ главите на оние коишто се осмелуваат да направат раскол во калифатот. Чарлс Листер од центарот Брукингс во Доха овој потег го смета за многу значаен. „Што и мисли некој за неговиот легитимитет, овој проглас за повторното воспоставување на калифатот веројатно е најважниот настан во меѓународниот џихадизам од (терористичките напади врз САД на) 11-ти септември (2001 година)“, смета Листер.„Влијанието ќе биде глобално, бидејќи фракциите на Ал Каеда и независните џихадистички групи сега мораат дефинитивно да се решат дали ќе ѝ се приклучат на Исламската држава или ќе ѝ се спротистават“, додава Листер во изјавата за Reuters.Џихадистичката сунитска група ISIL којашто во изминатиот период се бореше во Сирија од почетокот на јуни презема офанзива во соседен Ирак каде што ѝ се потчинија, како и на сириското боиште локалните племенски сунитски групи, како и бунтовничките сунитски милиции кои ги предводат поранешни офицери во армијата на соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин, освојувајќи големи области во северните и западните региони на Ирак.Ирачките власти коишто ги предводи премиерот Нури ал-Малики, кој потекнува од шиитското мнозинство, како и сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница, огранок на шиитите, со поддршката на шиитскиот Иран се обидуваат да го сопрат напредувањето на ISIL кој има цел да заземе огромна територија богата со нафтени наоѓалишта. Изминатите три седмици, џихадистите успеаја да заземат неколку ирачки градови, меѓу кои е и вториот по големина Мосул и да се заканат на главниот град Багдад, како и стратешки граничните премини кон Сирија и кон Јордан.САД, коишто инаку го обвинуваат ирачкиот премиер ал-Малики дека ги запоставил сунитите во извршната власт, што според Вашингтон придонело за нивното приклучување кон бунтот воден од ISIL и повикуваат на формирање поскоро влада во којашто се застапени сите зедници, исто така се вклучија во запирањето на џихадистичката закана, испраќајќи во Ирак 300 воени експерти предводени од генерал кои треба им помогнат на владините сили да го спречат напредувањето на бунтовнциите.Откако на почетокот на бунтот ирачките безбедносни сили едноставно се распаднаа, по повикот на шиитските верски лидери и масовното пријавување на шиитски доброволци, забележа напредување на теренот и поврати дел од териториите, но сѐ уште нема моќ да ги поврати стратешките области. Багдад во неделата соопшти дека веќе ги добил од Русија првите пет борбени авиони „Сухој Су-25“ од вкупно десетина за 500 милиони долари, со кои верува дека ќе може значително да ја измени ситуацијата во своја полза./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија4 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија5 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија5 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија7 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија7 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија7 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија8 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија8 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија8 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија8 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија8 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија9 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија10 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија11 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија13 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија14 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....