Контакт

Вести

Ким Јонг Ун го погубил министерот за одбрана со топ оти заспал во негово присуство

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го погубил министерот за одбрана Хјон Јонг Чул бидејќи заспал во негово присуство, јавува Би Би Си, повикувајќи се на сè уште непотврдени информации на јужнокорејската разузнавачка агенција.

Министерот за одбрана е погубен бидејќи не покажал лојалност кон култот на личноста на Ким Јонг Ил, јавила јужнокoрејската агенција.Хјон бил убиен на 30 април пред стотици луѓе со топ, јавува агенцијата Јонхап.Според непотврдени информации, Хјон наводно заспал за време на настан на којшто присуствувал Ким Јонг Ун и не ги следел неговите упатства. Хјон бил последен пат виден ден пред неговото погубување.Според наводите на светските медиуми, извештаите на шпионската агенција секогаш треба да се земаат со резерва, меѓутоа, доколку веста за погубувањето на министерот за одбрана не е точна, тој многу брзо ќе се појави во јавност./крај/бл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Рекордни 50 Целзиусови степени измерени во Израел

Објавено пред

Топлотниот бран кој оваа недела го зафати Израел во средата го достигна врвот во Содом, кај Мртвото Море, кога биле измерени 49,9 Целзиусови степени.

„Тоа е највисока температура што некогаш е измерена од основањето на државата во 1948 година и втора највисока некогаш забележана во тоа подрачје откако е почнато бележење на временските услови во 20-тите години“, соопшти Израелската метеорлошка служба.

Највисоката температура била измерена во 1942 година – 54 степени во комуната Тирта Цви на северот на Долината Јордан.

„Иако екстремни температури биле измерени и во неодамнешното минато, новиот рекорд покажува дека глобалните климатски промени и затоплувањето влијаеле на просечните температури“, објави Метеролошката служба.

Од таму навеле дека се очекува затоплувањето да продолжи и дека ќе има екстремни топлотни бранови и нови рекордни високи температури.

Екстремно топло време по должината на брегот на Средоземното Море е ретко и се случува еднаш во пет до десет години, но во последната деценија станува сè почесто на секои две-три години.

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон има нов шеф, стариот се повлекол за да поминува повеќе време со семејството

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шенахан, ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската војска. Трамп рекол дека Шенахан сака да поминува повеќе време со семејството.

Нов вршител на должност шеф на Пнетагон ќе биде актуелниот државен секретар задолжен за војската, Марк Еспер.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Пронајдено телото на магионичарот кој скокна во река врзан со синџири

Објавено пред

Индиската полиција го пронајде телото на магионичарот кој врзан со синџири беше спуштен во река обидувајќи се да го изведе познатиот трик на Худини. Чанчал Лахири (42) исчезнал во неделата попладне.

Поентата на целата точка била магионичарот да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

„Гардијан“ објави дека тој пред насобраната публика рекол:

„Ако можам да се ослободам – тоа ќе биде магија. А ако не успеам – тоа ќе биде трагедија“.

Сè уште врзано со челични синџири, неговото тело испливало на брегот на реката на еден километар оддалеченост од местото каде што почнал да го изведува трикот.

Ова не е првпат Лахири да се обиде да изведе трик под вода. Пред 20 години тој се спуштил во река врзан во стаклена кутија. Тогаш трикот го направил успешно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот, Вулнет...

Македонија2 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија2 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија4 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија5 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија7 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет9 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет9 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет10 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет10 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет11 час

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија21 час

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија22 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие