Контакт

Вести

Лавров ги отфрли наводите дека Русија не ја нападнала IS

Објавено пред

Воздушните удари коишто ги презема Русија врз позициите на Исламската држава (IS) во Сирија се прецизно изведувани, а информациите кои говорат за наводни цивилни жртви се неосновани и Москва нема такви сознанија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Шпекулациите за тоа дека нападите не биле врз Исламската држава не се втемелени“, изјави ноќта кон четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк, додавајќи дека не постојат ниедни релевантни информации за тоа дека имало цивилни жртви.

Шефот на руската дипломатија ги даде овие изјави откако претставниците на вооружените сириски опозициски сили коишто ги поддржува Западот од егзил соопштија дека наводно во руските воздушни удари биле ранети осум борци на опозицијата и загинале 36 цивили. Ова портпаролката на руската дипломатија уште во средата вечерта го оцени како дел од информативната војна против руското ангажирање на Блискиот исток, бидејќи се зборува за наводни жртви во покраината Хама, а руското воздухопловство дејствувало во покраината Хомс.

Руските воздушни напади во Сирија се прецизно насочени исклучиво врз позициите на терористичката организација Исламска држава. Москва нема информации за цивилни жртви, истакна Лавров одговарајќи на прашањето за „загриженоста“ на САД.,

„Го слушнавте говорот на Кери и на другите наши колеги во Советот за безбедност на ОН, кои се сведуваат на позицијата дека доколку Русија навистина помага во борбата против Исламската држава, таа е добредојдена“, изјави шефот на руската дипломатија.

Лавров, исто така, за новинарите појаснил дека со американската страна било разговарано да се избегнат несаканите инциденти, бидејќи во Сирија активно извршува напади речиси цела година и коалицијата предводена од САД. Кери, притоа, истакнал дека доколку цели на руските напади не бидат само терористичките позиции, тоа би можело да се одрази лошо во смисла на зголемувањето на притисокот на џихадистите во Сирија, појасни Лавров.

„Искрено и чесно повеќепати кажавме дека ние одговараме на барањето на раководството на Сирија и помагаме исклучиво во борбата против Исламската држава и против другите терористички групации. А ‘загриженоста’ на САД во врска со тоа ‘дали тоа не биле тие цели’, од нивна страна беа искажани тие сомневања, и утврдувавме дали за тоа имаат некакви докази“, рече рускиот министер за надворешни работи.

Лавров истакна дека руските воздушни напади се изведуваат со „хируршка прецизност“ и врз цели кои се објавени, а опфаќаат борбена техника и магацини на џихадистите и се преземаат надвор од населени места и далеку од цивилна инфраструктура.

Посочи дека на средбата со Кери, од американка страна било истакнато дека САД и коалицијата дејствуваат во Сирија во согласност со Повелбата на ОН, особено со членот 51 кој го предвидува правото на колективна самоодбрана. „Членот 51 се однесува исклучиво на ситуација во која одредена држава бара да биде заштитена. Такво барање од страна на Сирија кон коалицијата нема, додека соодветно барање ѝ беше упатено на Русија“, појасни Лавров.

„Разбираме дека коалицијата е реалност која треба да се земе предвид. Токму затоа претседателите на Русија и на САД се договорија за контакти меѓу воените функционери, за да се избегна недоразбирањата“, додаде шефот на руската дипломатија.

Одговарајќи на новинарските прашања за ризиците од руската воена интервенција, Лавров посочи дека тие се состојат од тоа што илјадниците борци во редовите на џихадистичките структури во Сирија, коишто потекнуваат од територијата на Руската Федерација, да се вратат дома и да ги продолжат своите злосторнички активности. „Овие ризици сакаме да ги избегнеме по секоја цена, и јас сум убеден дека ќе успееме во тоа“, заклучи рускиот дипломат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија25 минути

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија3 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија4 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет4 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија4 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион7 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет8 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија8 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет8 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија9 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија9 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија20 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија21 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија21 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија21 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...