Контакт

Вести

Лавров: Русија и САД се на пат кон постигнување баланс во преговорите против IS

Објавено пред

Русија и САД се движат кон компромис кој ќе обезбеди рамнотежа на интересите во борбата против Исламската држава (IS), изјави во неделата вечерта рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истакнувајќи притоа дека Москва помагајќи ги земјите кои се справуваат со џихадистите не поставува никакви политички услови.

dobivaj vesti na viber

„Такво нешто во дипломатијата нема, сме за или сме против. Секогаш кога започнуваат преговорите, страните се стремат да тргнат од својата почетна позиција кон некаков компромис кој ќе обезбеди баланс на интересите. Сметам дека во моментов ние се наоѓаме во рамките на оваа насока“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините од Генералното собрание на Обединетите нации, кусо пред средбата со неговиот американски колега Џон Кери во Њујорк.

Русија ги снабдува Ирак и Сирија со модерно оружје, потврди Лавров и истакна дека притоа не поставува никакви политички услови, за разлика од некои други доставувачи на оружје, бездруго алудирајќи на западните земји.

„Ние активно ја помагаме сириската влада (на претседателот Башар ал-Асад), ѝ помагаме на ирачката влада, ги снабдуваме нашите партнери со модерни примероци на воена опрема и притоа не поставуваме никакви политички услови, како некои други снабдувачи со оружје“, нагласи Лавров.

Шефот на дипломатијата додаде дека Москва не крие дека во борбата против тероризмот заедно со Сирија, Ирак и Иран формирала информативен центар за справување со Исламската држава, чија основна цел е размена на податоците и координација во дејствијата.

Во саботата беше обелоденето дека Русија, Сирија, Ирак и Иран ги здружуваат силите за да ја координираат борбата против џихадистите во регионот на Блискиот исток,, чие седиште е во Багдад. Во него ќе се собираат, обработуваат, сумираат и анализираат новите податоци за ситуацијата во регионот во контекст на борбата со екстремистите, како и оперативна и точно наменета дистрибуција на тие информации до генералштабовите на овие земји.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неделата изјави дека тој лично ги известил челниците на Турција, Јордан и Саудиска Арабија за воспоставувањето на споменатиот координативен механизам. САД, според рускиот челник, исто така биле информирани.

„Нема што посебно да се објаснува (во врска со функционирањето на центарот во Багдад), бидејќи за сето она што се случува, ние отворено зборуваме. Немаме никакви тајни во борбата против тероризмот“, додаде Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата напомна дека и Ирак и Сирија се борат со терористите, а многу јасно против Исламската држава е одреден и Иран, и оти сите тие се „заинтересирани да ги споделат информациите со Русија“. Потсети дека Русија „поседува податоци каква е терористичката закана во конкретниот момент“. „Партнерите во Ирак, Сирија и Иран, исто така, тоа активно го следат. Поради тоа, размената на информациите преку ваквата координација, преку центарот за информации, е сосема нормална работа“, порача Лавров./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...

Свет4 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Свет4 часа

Хеликоптерска несреќа во Турција: 6 лица загинаа, повреден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен...

Свет5 часа

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во...

Македонија6 часа

Градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, тврди Лукароска

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани...

Топ6 часа

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион7 часа

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје8 часа

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС...

Свет9 часа

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна...

Свет9 часа

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален...

Свет9 часа

Земјотрес регистриран во Словенија

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна...

Свет9 часа

Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни...

Свет10 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор

Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала,...

Топ21 час

Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете

Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови. Обвинител изврши увид на лице место,...

Свет23 часа

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск. Набрзо тие упаднаа во палатата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Група на ексфункционери од ДУИ се обидува да прави етнички поделби, стратешките партнери се запознаени

Обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака договор со Русија и крај на лудилото

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за договор за ставање крај на...