Вести
Мајката на Браун не верува дека тој се обидел да го одземе пиштолот од полицаецот

Мајката на афроамериканското 18-годишно момче убиено во август во американското гратче Фергусон, од 28-годишниот бел полицаец Дарен Вилсон, изјави дека не е убедена дека најсиниот син се обидел да му го одземе пиштолот на офицерот.
Мајката на афроамериканското 18-годишно момче убиено во август во американското гратче Фергусон, од 28-годишниот бел полицаец Дарен Вилсон, изјави дека не е убедена дека најсиниот син се обидел да му го одземе пиштолот на офицерот.
Според полицијата, Вилсон го застрелал Браун во полициско возило откако се кошкале околу службениот пиштол, а полицаецот подоцна побарал медицинска помош во локалната болница поради повреда на лицето. Меѓутоа, очевидци велат дека напротив, момчето било убиено надвор од полициското возило и тоа додека ги држело во воздух рацете во знак на предавање.
„Не. И јас не верувам во извештаите дека мојот син ги изговорил тие зборови и го сторил тоа му се припишува“, изјави Лесли Мекспаден во интервју за американската телевизиска мрежа CNN, прво по објавувањето на одлуката на големата порота во Фергусон.
Белиот полицаец Дарен Вилсон кој во август смртно со шест истрели го уби десет години помладиот црн тинејџер Мајкл Браун во американското гратче Фергусон, предградие на Сен Луис во сојузната држава Мисури, во понеделникот од големата пората беше ослободен од одговорноста што предизвика расни немири низ САД.
Мајката на Браун, исто така, објасни зошто по објавувањето на одлуката на поротата нејзиниот маж се качил на автомобилот заедно со неа спроти зградата на судот и повика „да се изгоре“ целиот, иако подоцна семејството во писмена форма се обрати во јавноста со изјава во којашто покрај критиките на одлуката повика на мирни протести.
„Тоа беше првична емоција, гнев! Кога системот постапува на тој начин со вас, можете да кажете во почетокот сешто. Се’ се одвиваше како што не требаше да биде. И имав чувство дека мене ме застрелаа. Никакво почитување, никакво сочувство – ништо! Тоа можеше да биде вашето дете, чие и да е дете“, рече мајката на убиениот тинејџер и додаде дека „тоа беше гнев од тагата“.
Претходно во средата полицаецот Вилсон во разговор за телевизијата ABC воден на тајна локација рече дека смета оти во инцидентот постапил правилно следејќи ја процедурата.
„Јас својата работа ја извршив исправно“, рече полицаецот Дарен Вилсон во интервју за американската телевизиска мрежа ABC.
Одговарајќи на прашањето на новинарот дали би постапил поинаку доколку Мајкл Браун бил белец, полицаецот одговори одречно. „Сé што сакав во тој момент, беше да живеам“, рече Вилсон.
Одрече дека го застрелал Браун додека овој ги држел рацете кренати во воздух, како што изјавиле очевидци во сослушувањето пред големата порота. Вилсон, исто така, во интервјуто изрази и сочувство до семејството на афроамериканскиот тинејџер што го уби.
Претходно во вторникот весникот The Independent, повикувајќи се на сведочењето на офицерот, објави дека полицаецот Дарен Вилсон го споредил тинејџерот кого го застрела со „демон“,
„Се чувствував како петгодишно дете во рацете на Хулк Хоган“, го опишал судирот Вилсон со Браун во своето сведочење пред големата порота, којашто на крајот одлучи да го ослободи од судски прогон што предизвика гнев и протести на улиците на Фергусон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.