Вести
Медиуми: Екс функционер во министерството за финансии на САД од Путин бара руски пасош

Поранешниот помошник министер за економска политика на министерот за финансии на САД во времето на претседателот Роналд Реган, Пол Крег Робертс иронично одговори на обвиненијата од новинарот на весникот The Washington Post со писмо до рускиот претседател Владимир Путин со барање да му биде издадено руско државјанство.
„Сега, кога агентот на ЦИА Крег Тимберг, претставувајќи се за новинар на The Washington Post ме разобличи како руски агент, би сакал да знам дали можам од вас да побарам доделување руско државјанство и дипломатски имунитет, можеби како помошник на портпаролот во руската амбасада во Вашингтон. Тоа ми е потребно сé додека не излезам од земјава. Знам дека му дадовте државјанство на Стивен Сигал, и се надевам, дека за да се биде руски агент, подеднакво станало важно да се учат руските боречки вештини“, напиша Робертс.
Поранешниот функционер во американската администрација натаму признава дека не знае колку им плаќаат на „руските агенти“, но предлага „да се уплатува“ на сметка во руска банка, бидејќи швајцарските банки ја загубија својата привлечност откако тамошната влада „му дозволи на Вашингтон да го преработи нејзиното банкарско законодавство“.
Овој економски стручњак, исто така, изразува надеж дека рускиот претседател ќе го поврзе со некој издавач кој ќе му ги објави мемоарите под наслов „Животот на марионетката на Путин“.
„Треба да контактираме што е можно поскоро: на трагата ми се агентите на ФБИ, прилепени по наводите Washington Post . Тие ќе бидат многу лути, затоа што сум ги мамел сиве овие години, имајќи највисок степен на пристап до доверливи документи и добивајќи инструкции од самиот врв. Секој ден Washington Post може да го разоткрие тој факт, дека ние заедно со колегата – агентот на КГБ (екс американскиот претседател Роналд) Реган, ги намалувавме даноците за богатите, за да го направиме капитализмот што повеќе угнетувачки, за американскиот народ да се побуни и да го собори..“, се наведува во писмото на Робертс.
Во посериозниот дел од дописот објавен во американските медиуми, тој истакнува дека неговата критика на политиката што ја избрал Вашингтон за ескалација на тензиите со Москва, не е шпионска камуфлажа. Таа е одраз на искрената желба да се избегне нуклеарен конфликт меѓу двете земји, посочува Робертс.
„Во САД таквата позиција се смета сомнителна, но јас се надевам дека за Русија таа е прифатлива“, заклучува Пол Крег Робертс во дописот објавен во средата.
Претходно The Washington Post објави напис под наслов „Лажните вести за време на изборите во САД беа ширени преку руската пропаганда“. Во написот на новинарот Крег Тимберг, редица независни американски весници од лева или либертаријанска провиниенција се нарекуваат „извори на руските дезинформации“. Повеќето од нив, како и порталот на Ron Paul Institute, пак, го објавија ироничниот напис на Пол Крег Робертс.
Еден од основачите на порталот The Intercept, Глен Гринвалд, која како новинар на The Guardian ги објавуваше документите доставени од одметнатиот американски разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден за скандалот со масовното прислушување, го оцени написот за „полн со недокажани обвинувања“, а новинарот на The Washingon Post за составувач на „макартистички црни листи“, алудирајќи на антикомунистичката хајка во САД меѓу интелектуалците во средината од минатиот век./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени да работат откако специјалните сили на косовската полиција ги окупираа тие згради. КФОР сѐ уште се наоѓа во непосредна близина на општинската зграда и на сите приоди кон Звечан.
Србите упорно бараат претседателите на општините, кои се Албанци, да не влегуваат во службените згради, специјалните полицајци да ги напуштат, а уапсените Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ да бидат ослободени, јавува РТС.
Со апел за мир, повеќе од 160 интелектуалци – Срби од цело Косово, се обратија до меѓународната заедница да употреби итни мерки за запирање на понатамошната ескалација на насилството и создавање услови за мир.
За да се смири ситуацијата, Европската Унија и САД бараат од Приштина да се одржат нови избори, учество на Србите на нив и формирање заедница на српски општини.
Исто така, Белата куќа го повика Белград да ги повлече вооружените сили распоредени во близина на административната линија и да го намали нивото на борбена готовност, а Приштина да им дозволи на новоизбраните претседатели на општините да ги извршуваат своите должности од алтернативни локации и да ги повлече полициските сили од општински згради.
Командантот на КФОР, Ангело Микеле Ристуца, го критикува Аљбин Курти за назначувањето албански градоначалници на северот од Косово и рече дека Мисијата на НАТО не може да се користи како чадор за еднострани акции и дека без неа северот на Косово ќе биде „уште едно жариште на војната“.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека првиот конвој турски специјални сили пристигна во Косово.
„Првиот конвој командоси на нашиот баталјон од 65. механизирана пешадиска бригада, кој ќе служи во Косово, го заврши својот трансфер во Косово. Им посакуваме добри и успешни мисии на нашите херојски војници во Косово за зачувување на мирот и спокојството“, се вели во соопштението на турското Министерство на „Твитер“.
Вести
Детали за драмата на небото над Вашингтон: пилотот на „цесна“ не реагирал, подигнати воени авиони, го пробиле звучниот ѕид за време на потерата

Воздухопловните сили на САД ги активираа борбените авиони „Ф16,“ за да го гонат лесниот патнички авион „цесна“, кој го наруши воздушниот простор околу главниот град на САД, Вашингтон, и чиј пилот не одговори на повиците на контролата на воздушниот сообраќај.
Авионот „цесна“ подоцна се урна во соседната држава Вирџинија, а на местото на несреќата не се пронајдени преживеани, пренесува „Ројтерс“.
За време на нивната акција, американските ловци „Ф16“ го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон, што предизвика изненадување и вознемиреност кај населението.
Државната полиција на Вирџинија потврди дека во авионот „Цесна“ имало четири лица и дека на местото на несреќата нема преживеани.
Авионот „цесна“ е регистриран во компанијата „Енкор моторс“ од Мелбурн, Флорида, а сопственикот на компанијата, Џон Румпел, за „Вашингтон пост“ изјави дека во авионот летале ќерка му, внука му и нејзината дадилка.
„Не знаеме ништо за авионската несреќа. Засега сме во контакт и со луѓе од Федералната служба за цивилна авијација“, изјави Румпел во интервју за новинарот на „Вашингтон пост“.
Американската војска се обидела да стапи во контакт со пилотот, кој не реагирал и се чинело дека „цесна“ лета на автопилот, изјави неименуван извор запознаен со ова прашање.
„Борбените авиони добија дозвола да ја пробијат звучната бариера и да летаат со суперсонична брзина, што можеа да ја слушнат жителите на главниот град на САД“, се вели во официјалното соопштение.
Вести
Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест, пишува РТС.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуца, коментирајќи ја интервенцијата на КФОР на северот на Република Косово, изјави дека ризикот е поврзан со тоа што премиерот Аљбин Курти одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на Србите и сомнежите на меѓународната заедница, пишува РТС.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ вели дека ситуацијата во Звечан, како и насекаде, е крајно нестабилна и може нагло да се промени за многу краток временски период.
„Тврдоглавоста на албанските локални власти да не постапуваат во согласност со укажувањата добиени од западните партнери, укажувања што служат за олеснување на дијалогот, особено во светло на напредокот постигнат со договорите во Брисел и Охрид, во голема мера го ослабна балансот што го имаше“, рече Ристуца.
Работници на општина Звечан утринава дошле пред зградата во 7 часот, каде што во книгата за евиденција на работното време се потпишале дека сè уште се присутни на своите работни места, пишува „Косово онлајн“.
Општинската зграда е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.
Како што јавува репортерот на „Косово онлајн“, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моментната состојба.
Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде што денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.