Контакт

Вести

Москва: САД го признаа присуството на украински систем на местото на падот на МН17

Објавено пред

САД индиректно признаа дека системи на противвоздушната одбрана на Украина се наоѓале во областа на падот на малезискиот патнички авион, со што се потврдуваат претходно објавените податоци од руските сателитски снимки, изјави во неделата за РИА Новости неименуван висок извор во министерството за одбрана на Руската Федерација.
 

САД индиректно признаа дека системи на противвоздушната одбрана на Украина се наоѓале во областа на падот на малезискиот патнички авион, со што се потврдуваат претходно објавените податоци од руските сателитски снимки, изјави во неделата за РИА Новости неименуван висок извор во министерството за одбрана на Руската Федерација.

 

Соговорникот на агенцијата ваквиот заклучок го изведува од изјавата на портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, дека малезискиот „Boeing 777“ над источна Украина на 17-ти јули е соборен со проектил истрелан од територија којашто ја контролираат бунтовниците, во периодот кога украинските противавионски ракетни системи не биле во функција.

„Со својата изјава, американскиот портпарол Џош Ернест имплицитно призна дека средства на украинската противвоздушна одбрана се наоѓале во регионот на Донецк, иако тврдат дека не тие не биел активни“, вели соговорникот.

 

 

Истакнува дека САД по една седмица од трагедијата со малезискиот авион, со тоа ја потврдиле автентичноста на податоците што ги направиле руските сателити и снимките коишто ги објави руското министерство за одбрана на 21-ви јули, кога беше објавено дека од групацијата на противвоздушната одбрана на вооружените сили на Украина во близина на градот Донецк, кој инаку е под контрола на бунтовниците и на чија територија се урна малезискиот авион, биле активни четири ракетни дивизии од системот „Бук-М1“.

„Што се однесува до нивната работа, сакам да потсетам дека на брифингот, исто така, беа презентирани објективни факти и податоци за интензивното функционирање на украинските радиолокациски станици на ракетниот систем ’Бук’“, вели соговорникот на РИА Новости. Така, на 17-ти јули руските системи и средства за набљудување регистрирале девет вклучувања на украинските радарски станици 9С18 „Купол-М1“ во регионот на Донецк кои откриваат и следат летала, истакнува изворот од руското министерство за одбрана.

 

Во понеделникот, пак, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генералот Андреј Картаполов, на прес-конференција во Москва изјави дека авион од типот „Сухој Су-25“ на украинскиот воздухопловни сили се наоѓал на 3 до 5 километри од малезискиот авион кој подоцна се урна. Според него, тоа го регистрирал американски воен сателит.

Картаполов на прес-конференцијата се обрати директно до САД со молба да ги достават снимките од тој сателит. „Според нашите пресметки, од 17.06 до 17.21 часот (по московско време) на 17-ти јули над југоисточните области на Украина прелетал американски вселенски уред, овој апарат е експериментален космички систем развиен за откривање и следење лансирање ракети со различни дострели“, рече Картаполов. „Доколку американската страна поседува снимки од тој сателит, би ги замолил да ги обезбедат за меѓународната задница за детално проучување. Случајно или не, меѓутоа трагедијата на малезискиот Boeing и времето на набљудувањето на американскиот сателит на украинската територија се совпаѓаат“, изјави Картаполов./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион21 минута

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија3 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија3 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет3 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет4 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија17 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија17 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет18 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет18 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион18 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија21 час

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија21 час

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија23 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија1 ден

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија1 ден

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет1 ден

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион1 ден

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет1 ден

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Досие