Контакт

Вести

Москва: Во надлетувањето на американскиот борд во Балтик почитувани безбедносните прописи ВИДЕО

Објавено пред

Руските воени авиони кои Вашингтон ги обвини дека изведуваат „агресивни“ летови во непосредна близина на американски воен брод во Балтичкото Море, ги изведувале тие летови „почитувајќи сите безбедносни превила“., објави во четвртокот руската армија.

dobivaj vesti na viber

„Воочувајќи го американскиот брод во зоната на видливост, руските пилоти го насочиле леталото од бродот почитувајќи ги сите безбедносни правила“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана генералот Игор Конашенков додавајќи дека „не ги разбира претераните реакции“ од САД, пренесе агенцијата РИА.

Претходно во четвртокот портпаролката на Пентагон, потполковникот Мишел Болданза за телевизиската мрежа Fox 5 News изнесе нови детали за инцидентот меѓу руските воени летала и американскиот разурнувач „USS Donald Cook“

„Во вторникот двојка руски борбени авиони ‘Су-24’, најверојатно без вооружување, кружеа околу ‘Cook’ 11 пати. Во еден момент руски авион се наоѓаше на 30 стапки, или 9,14 метри, од бродот“, се наведува во писмената изјава на портпаролката.

Таа истакнува дека претходно во понеделникот, руски борбени авиони извеле „симултан приод за напад“ пролетувајќи на 100 стапки, 30 метри, од разурнувачот. Притоа двојката руски авиони пролетала пониско од командниот мост на бродот, соопшти претставничката на Пентагон.

Руски воени авиони извеле низа „агресивни“ прелети над американски воен брод во меѓународните води во Балтичкото Мое што изгледало како симулиран напад, изјави за AFP во средата американски воен функционер кој сакал да остане анонимен, а во меѓувреме Европската командата на американската армија објави видео од приближувањето на авиони „Су-24“ и хеликоптер „Ка-27“ покрај американскиот разурнувач „USS Donald Cook“.

Американски воени функционери во средата објавија дека два руски авиона „Су-24“ во понеделникот го надлетале американскиот разурнувач, а инцидентот се повторил и во вторникот.

Според нив, инцидентот се случил во меѓународните води на Балтичкото Море, околу 70 наутички милји од руската енклава Калининград, пренесе Reuters.

Белата куќа изрази загриженост поради овие извештаи, а руската агенција РИА објави дека руската страна уште не излегла со коментар,

Соговорникот на AFP го опишал прелетот на рускиот „Су-24“ на „помалку од девет метри“ над американскиот воен брод, што според негова оцена „изгледаше како симулиран напад“. „Тоа е најагресивното од сето што можевме да го видиме во последно време“, рекол неименуваниот американски функционер.

Претходно во јануари годинава Пентагон извести за „опасно“ приближување на руски борбен авион „Су-27“ до американски разузнавачки авион над Црното Море.

Воените маневри на американската морнарица започнаа во понеделникот, кога американскиот разурнувач бил на речиси 130 километри од руската енклава Калининград, најзападната руска територија меѓу Балтичкото Море, Полска и Литванија.

Два руски „Су-24“ дваесетина пати во понеделникот прелетале над „USS Donald Cook“ на оддалеченост помала од 900 метри и на височина од околу 30 метри, рекол американскиот функционер.

Потоа во вторникот руски противподморнички хеликоптер „Ка-27“ седум пати прелетал во близина на бродот снимајќи фотографии.

„Малку подоцна се појави Су-2 и прелета над бродот, толку близу што подигна бранови“, рекол соговорникот на AFP. Според него, се чини дека руските авиони не биле опремени со вооружување,

Американските морнари повеќепати се обиделе да го предупредат рускиот пилот преку меѓународни фреквенции, но не добивале одговор. „Според командантот (на разурнувачот), тоа било опасно и непрофесионално“, додал американскиот функционер./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија12 минути

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија17 минути

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија11 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија12 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија12 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија12 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија17 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија17 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија18 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија21 час

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија22 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет23 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет24 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија24 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет1 ден

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет1 ден

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...