Контакт

Вести

Националната гарда на САД ќе ги смирува расните немири

Објавено пред

Гувернерот на американската сојузна држава Мисури нареди во понеделникот војниците на Националната гарда да бидат распоредени на улиците од предградијата на Сент Луис каде што веќе повеќе од една седмица траат расните протести и безредија предизвикани откако бел полицаец застрела црн тинејџер.
 

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на американската сојузна држава Мисури нареди во понеделникот војниците на Националната гарда да бидат распоредени на улиците од предградијата на Сент Луис каде што веќе повеќе од една седмица траат расните протести и безредија предизвикани откако бел полицаец застрела црн тинејџер.

 

Гувернерот на Мисури, Џеј Никсон, одлучи да ја вклучи Националната гарда во решавањето на проблемите со безредијата откако ниту воведувањето на вонредна состојба и полициски час во гратчето Фергусон, предградие на Сент Луис, не дадоа резултати во смирувањето на тензиите и безредијата проследени со грабежи и демолирања објекти. Полицискиот час беше воведен пред два дена, во траење од полноќ до пет часот наутро по локално време, но и покрај тоа што беше ангажирана интервентната полиција, протестите на мнозинското население од афроамериканско потекло продолжија со несмалена жестина.

Ноќта кон понеделникот демонстрантите повторно се судрија со силите на редот. Неколку часа пред да стапи на сила полицискиот час, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите, претежно млади луѓе, употребувајќи солзавец, пренесе AFP. Според локалната телевизиска станица KMOV-TV, полицајците опремени со панцирни елеци и гас-маски и во придружба на блиндирани оклопни возила се обиделе да ги растурат демонстрантите коишто кон нив фрлале Молотови коктели. Според медиумите на чии репортери инаку не им е дозволен пристапот до местото на судирот меѓу полицијата и демонстрантите, се слушнале и истрели а повторно имало ограбувања на продавници. Не е познато дали станува збор за предупредувачки истрели во воздух од полицијата или, пак, истрелите доаѓале од правец на толпата демонстранти.

Гувернерот Никсон изјави дека „сé поголемиот и организиран број поединци, меѓу кои многумина доаѓаат надвор од градот и од државата, вклучува и насилство и криминал кои ги загрозуваат животите и работата“. „Ги повикувам сите жители на Фергусон и на Мисури силно да ги осудат овие незаконски активности, кои вклучуваат пукање врз полицијата и врз цивили, фрлање Молотови коктели и грабежи“, изјави гувернерот и појасни дека ја повика Националната гарда како федерална воена сила за да се поврати мирот и поредокот во заедницата.

Во меѓувреме The New York Times објави дека застреланото 18-годишно момче Мајкл Браун, според обдукцијата, било застрелано со најмалку шест куршуми. Наведувајќи ја изјавата на лекарот Мајкл М. Бејдена, кого семејството на момчето го задолжило за обдукцијата, весникот пишува дека од тие куршуми два завршиле во главата на жртвата и дека куршумите кои го погодиле Браун не биле истрелани од близина. Портпаролот на полицијата од Фергусон изјави дека неговиот оддел не го видел извештајот и дека нема коментари. Oд саботата во Фергусон се распоредени и 40 агенти на Федералното биро за истраги (FBI) коишто ќе го истражуваат убиството.

Во меѓувреме, ноќта кон понеделникот весникот The Wall Street Journal објави дека американското министерство за правда ја одобрило повторната аутопсија на Мајкл Браун. „Имајќи ја предвид исклучителноста во овој случај (…), јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер, побара од министерството за правда да организира спроведување на повторна обдукција, којашто ќе ја спроведат федерални патолози“, изјави портпаролот на министерството Брајан Фелон. Тој, исто така, истакна и дека е дадено укажување да се земат предвид наодите од аутопсијата претходно извршена во Фергусон.

Браун бил застрелан од белиот 28-годишен полицаец Дарен Вилсон кој веќе шест години бил во служба и досега не бил казнуван за прекршоци. Лекарот Вејден изјави дека целта на неговата обдукција не била да утврди дали пукањето било оправдано, но изјави дека полицаецот „не требало да пука толку пати“. „Засега има премалку информации за форензички да може да се реконструира пукањето“.

Според полицијата, Вилсон го застрелал Браун во полициско возило откако се кошкале околу пиштол, а полицаецот подоцна побарал медицинска помош во локалната болница поради повреда на лицето. Меѓутоа, очевидци велат дека напротив, момчето било убиено надвор од полициското возило и тоа додека ги држело во воздух рацете во знак на предавање.

Тензиите во Фергусон се разгореа откако полицијата емитуваше снимки на кои е идентификуван подоцна убиениот Браун како врши грабеж во продавници и го малтретира нејзиниот сопственик, но истакна дека грабежот и пукањето во кое тој смртно настрадал не се поврзани. Демонстрантите ја критикуваат полицијата дека се обидува со објавувањето на снимките „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија5 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија5 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија5 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија7 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија8 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија8 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија8 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија9 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија9 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија9 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија10 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија10 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија12 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија14 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија15 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....