Контакт

Вести

Над 40 убиени во терористички напад во Пакистан

Објавено пред

Најмалку 41 лице е убиено, а дваесетина се ранети откако шестмина терористи упаднаа со автобус со шиити во Карачи, по што пукале врз патниците.

 

 

Како што јавува BBC,  најмалку шест лица на мопеди го запреле автобусот во кој имало жени и деца. Следел рафален оган врз сите.

 

Како што наведува полицијата, 25 мажи и 16 жени го загубија животот во тој напад. /крај/ин/ст

Вести

Романија и САД со заедничко соопштение против изградбата на „Северен тек 2“

Објавено пред

Претседателите на САД и Романија, Доналд Трамп и Клаус Јоханис, потврдија дека се против изградбата на „Северен тек 2“.

„САД и Романија потенцираат дека енергетската безбедност е национална безбедност. Ние потенцираме дека сме против ‘Северен тек 2’ и други проекти што ги ставаат нашите сојузници и партнери во позиција на енергетска зависност од Русија“, се вели во заедничкото соопштение на двете земји, кое го објави Белата куќа на крајот од посетата на романскиот шеф на државата на Вашингтон.

Во него се наведува дека Романија има извори на природен гас, што потенцијално овозможува да се зголеми благосостојбата на нашите земји и да се зголеми енергетската безбедност на Европа.

САД и Романија се договорија да го разгледаат прашањето за учеството на САД во подобрување на инвестициската клима во Романија во интерес на двете земји.

Двајцата водачи ја повикаа индустријата на нивните земји за поблиска соработка со цел да се поддржи реализацијата на целите на Романија во областа на нуклеарната енергија, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп: Лажните вести се виновни за нападите во САД

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ги смета лажните вести за одговорни за нападите што се случија овој викенд во Охајо и Тексас во кои беа убиени 47 луѓе.

„Медиумите имаат голема одговорност кон животот и безбедноста во нашата земја. Лажните вести придонесoа многу за гневот и бесот што се создаваат во текот на годините. Известувањето мора да почне да биде фер, избалансирано и непристрасно или овие ужасни проблеми само ќе се влошат“, напиша Трамп на „Твитер“.

Во нападот во државата Дејтон, во Охајо, напаѓачот, кој беше идентификуван како Конор Бетс (24), уби деветмина и рани 26 луѓе. Меѓу убиените е неговата сестра Меган Бетс.

Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде што беа убиени 20, а ранети 26 лица.

Прикажи повеќе...

Вести

ЕУ ја предложи Бугарката Кристалина Георгиева за шефица на ММФ

Објавено пред

Европските влади одлучија Бугарката Кристалина Георгиева, извршна директорка на Светската банка, да биде нивниот кандидат за нов директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со седиште во Вашингтон, на местото на Французинката Кристин Лагард.

Освен Георгиева, во игра бил и поранешниот холандски министер за финансии, Јерен Дијселблем.

По долгогодишниот неформален аранжман, Европа традиционално кандидира шеф на ММФ, додека американскиот кандидат станува претседател на Светската банка.

Извршниот одбор на ММФ мора да избере замена за Лагард, која е назначена за шефица на Европската централна банка, а нејзината оставка ќе стапи на сила на 12 септември.

ММФ е клучна меѓународна финансиска институција која обезбедува економски совети и финансиска помош за нејзините 189 земји-членки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Унгарски државјанин почина во автобус на излез од земјава

Синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од земјава починал Ф.С.(71)...

Македонија6 часа

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична...

Македонија6 часа

(Видео) Арсовски: Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев,...

Македонија7 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ8 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет9 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет9 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа10 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион11 час

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт11 час

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија11 час

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт12 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет24 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија1 ден

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет1 ден

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа1 ден

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Досие