Вести
Најмалку 14 настрадани во безредијата Фергусон

Болниците во Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури, соопштија дека откако избувнаа безредијата во предградието Фергусон откако големата порота одлучи судски да не го гони белиот полицаец кој во август годинава уби афроамерикански тинејџер, настрадале 14 луѓе а 29 се приведени, пренесуваат американските медиуми.
До 1,25 часот наутро, во округот соопштија за 14 рането, од кои двајца се со прострелни рани нанесени од огнострелно оружје, пишува интернет изданието на локалниот дневен весник St. Louis Post-Dispatch.
Во меѓувреме, репортерката на локалната телевизиска станица KMOV, Емили Рау, на својот Twitter профил објави дека во „моментов (шест часот наутро во вторникот наутро) сé е мирно“. Додава дека многу од улиците на Фергусон на коишто се одвиваа безредијата изминатата ноќ се пусти.
Според изјавата шефот на локалната полиција, Џон Белмар, силите на редот „беа подготвени за таквиот развој на случувањата“. Основната цел на полициските сили, според него, била да се заштитат човечките животи и додаде дека, сепак, ситуацијата е многу посложен отколку што беше во август, веднаш откако 28-годишниот бел полицаец Дарен Вилсон го застрела 18-годишниот црномурест тинејџер Мајкл Браун. „Она со што се соочуваме изминатава ноќ, е многу пострашно од најстрашните ноќи во август кога беше првиот бран на расните немири во Фегусон)“, изјави Белмар за американската телевизиска мрежа ABC.
Полицаецот Дарен Вилсон кој го споредил тинејџерот кого го застрела со „демон“, пренесува весникот The Independent повикувајќи се на сведочењето на офицерот, што беше објавено од властите на државата Мисури.
„Се чувствував како петгодишно дете во рацете на Хулк Хоган“, така ја опишал судирот 28-годишниот Вилсон со десет години помладиот Браун во своето сведочење пред големата порота, којашто на крајот одлучи да го ослободи од судски прогон што предизвика гнев и протести на улиците на Фергусон.
Изминатата ноќ поради судирите со припадниците на силите на редот, кршење излози на продавници, потпалувања дуќани и автомобили и грабежи биле приведени 29 лица, соопшти полицијата.
Претходно во вторникот гувернерот на американската сојузна држава Мисури, Џеј Никсон, нареди во вторникот распоредување на дополнителни сили на Националната гарда на САД во градот Фергусон, каде што продолжуваат безредијата и грабежите кои започнаа во понеделникот навечер по објавувањето на одлуката на големата порота дека нема судски да го гони белиот полицаец.
Големата порота во гратчето Фегусон, којашто ја сочинуваат деветмина белци и тројца црнци, иако во ова предградие на Сент Луис мнозинството до 20-те илјади жители се афроамериканци, донесе одлука да не го гони полицаецот кој во август го застрела црното момче за кое се тврди дека било невооружено. Веднаш по објавувањето на одлуката, започнаа протести коишто набрзо прераснаа во насилни безредија. Полицијата била принудена да употреби чадни бомби, но очевидци тврдат дека бил употребен солзавец.
Случајот кој ја истакна расната сегрегација во САД, предизвика големо внимание на американската и светската јавност. Американскиот претседател Барак Обама повика учесниците на протестите низ повеќето градови во земјата, како Њујорк и Вашингтон, да ја почитуваат одлуката на поротата и своите ставови да ги искажат мирно Паралелно со тримесечната истрага на големата порота во Фергусон, од август се води и сојузна истрага за истиот случај којашто според министерството за правосудство на САД е сосема независна од истрагата на поротата. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.