Контакт

Вести

Нема траги од насилна смрт на обвинителот на претседателката на Аргентина

Објавено пред

Не се пронајдени траги од насилна смрт на телото она обвинителот Алберто Нисман кој во понеделникот беше пронајден мртов во својот стан во елитната четврт на аргентинската престолнина Буенос Аирес неколку часа пред да го образложи пред пратениците во Конгресот барањето за покренување истрага против претседателката Кристина Кишнер за попречување на истрагата за терористичкиот напад врз еврејски културен центар во 1994 година во кој загинаа 85 луѓе, покажуваат првичните резултати од обдукцијата објавени во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Истрагата, сепак, сé уште не извлекува заклучоци, очекувајќи ги резултатите од експертизата, меѓу другото и за присуство на барутни честички на рацете на обвинителот Алберто Нисман. Тој беше пронајден со прострелна рана во главата во бањата во неговиот апартман во елитната населба Пуерто Мадера во Буенос Аирес. Покрај неговото тело во бањата којашто била заклучена од внатрешната страна беше пронајден пиштол со калибар 22 мм и чаура. Како што подоцна беше објавено, оружјето по негово барање му било дадено од негов колега поради самоодбрана. Неодамна, во последното интервју, Нисман изјави дека работејќи на споменатиот случај во прашање е доведен неговиот живот.

Претходно беше објавено дека архивите на аргентинските безбедносни служби по смртта на обвинителот ќе бидат отворени. Одлуката е донесена по наредба на претседателската Кристина Фернандез де Киршнер.

Со оглед на сериозноста на обвинувањата, обвинителот Нисман требаше во понеделникот претпладне да се сретне со група пратеници а подоцна во текот на денот пред Конгресот да ги презентира доказите што ги собрал. Неговите сомневања се засновале на снимки од телефонски разговори, од коишто наводно произлегува дека владата преку официјални канали водело преговори за поволности за Аргентина при постигнување на ткн договор за „жито во замена за нафта“.

Обвинителот тврдеше дека еден од условите од овој договор било прекинување на истрагата за евентуална одговорност на петмина Иранци барани во Аргентина во врска со терористичкиот напад од 1994 година. За докажување на своите тврдења, Нисман планираше пред суд за сведочење да ги повика и претседателката Киршнер и министерот за надворешни работи Ектор Тимерман.

Во јануари 2013 година, Аргентина и Иран потпишаа меморандум за разбирање за соработка во истрагата во врска со терористичкиот напад во 1994 година, две години по нападот врз израелската амбасада во Буенос Аирес, во подметнувањето на експлозијата со којашто беше уништена зградата на еврејската организација AMIA при што се убиени 85 луѓе, а 200 беа повредени во центарот на аргентинскиот главен град.

Овој договор предизвика остри реакции од опозицијата и од еврејската заедница во Аргентина. Тие сметаат дека договорот може да ја анулира легитимноста на дејствијата на аргентинското правосудство и да доведе до поништување на меѓународните барања за апсење на петтемина Иранци, меѓу кои и поранешниот министер за одбрана организацијата на најголемиот терористички напад во историјата на земјата повеќе високорангирани ирански функционери, вклучително и поранешниот претседател Хашеми Рафсанџани и седум поранешни владини функционери, меѓу кои и министерот за одбрана . Иранските власти секогаш жестоко ги негираат обвинувањата.

Нисман ги обвини Кишнер и Тимерман за заговор за „обезбедување неказнивост“ за Иранците, кои Аргентина ги обвинува за учество во експлозијата. Покрај тоа, Нисман се обрати до судот со барање за испрашување на претседателката и шефот на дипломатијата, како и замрзнување на нивниот имот од околу 23 милиони американски долари.

Покрај тоа, обвинителот обвини уште неколку аргентински политичари блиски до актуелната влада. Според него, тие биле посредници во преговорите со Иран, во кои Аргентина на Техеран му предлагала жито во замена на испорака на нафта, којашто е нужно неопходна за разнишаната аргентинска економија.

Владата преку министерот за надворешни работи Ектор Тимерман категорички ги отфрли обвинувањата на Нисман и тврди дека целта на неговата акција е да се дестабилизира владата девет месеци пред одржувањето на првиот круг од претседателските избор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Рекет не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет...

Македонија2 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ2 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет2 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет3 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија3 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет4 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет4 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија13 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија15 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија19 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија23 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија23 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...