Контакт

Вести

Обама ги оцени „извонредно продуктивни“ разговорите со Кина, но остана без скалила за авионот.ВИДЕО

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама во неделата изјави дека билатералните разговори со кинескиот претседател Кси Џинпинг биле „извонредно продуктивни“, но медиумите го одбележуваат хаотичното пристигнување на челникот на САД во Хуангжу на самитот на Г20.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама во Кина пристигна во саботата ноќта, а разговорот со кинескиот домаќин Кси Џинпинг се водел до длабоко во ноќта кон неделата. Обама побарал од Кина да се придржува до своите меѓународни правни обврски во водите на Јужното Кинеско Море и ја истакнал американската приврзаност за регионалните сојузници со кои Пекинг има спорови за суверенитетот на морските патишта.

„Билатералните разговори кои вчера ги одржавме беа изразено продуктивни и во нив се наведени големи области во кои можеме да соработуваме“, изјави во неделата Обама за новинарите,

Кси, пак, изјави дека порачал оти Кина ќе продолжи да ги заштитува својата сувереност и поморските права во Јужното Кинеско Море.

Обама особено не сакал да се осврне на хаотичниот прием во аеродромот во Хангжу каде неговиот персонал се спречкал со кинеското обезбедување околу третманот на новинарите. Обама за новинарите изјави дека „не би ги преувеличувал“ значењата на препирките на аеродромот.

По излегувањето од претседателскиот авион „ Air Force One“ Обама не го дочекале скалилата за да се симне од авионот, па персоналот се растрчал за да пронајде алтернативно решение, пренесува Reuters.

Меѓутоа, весникот South China Morning Post повикувајќи се на кинески дипломатски извори пишува проблемот настанал поради тоа што предлогот на Пекинг на американскиот претседател Барак Обама да му постави скалила со црвен тепих бил одбиен од страна на Вашингтон. Американскиот медиуми објавија во меѓувреме снимки како Обама се спушта по обичните скалила од својот авион. Сепак до неговото претседателско возило, дошол одејќи по црвен тепих, пренесува кинескиот весник.

„Кина обезбеди скалила за сите шефови на држави кои пристигнаа, но американската страна се пожали дека возачот не зборува англиски и не може да ги разбере инструкциите од американското обезбедување, поради што Кина предложи да биде доделен преведувач кој би седел до возачот, но САД го отфрлија предлогот. Тие, исто така, инсистираа на тоа дека нема потреба од скалила коишто ги обезбедува аеродромот“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи во неделата во врска со инцидентот, пренесе агенција Xinhua.

Претходно американската телевизија CBS News извести дека претставниците на кинескиот протокол на аеродромот во Хангжу го истуркале настрана американските новинари од претседателскиот пул, кога Обама чекорел по црвениот тепих и се ракувал со делегацијата која го пречекала. Според американските медиуми, сведоци биле советничката на претседателот за национална безбедност Сузан Рајс и нејзиниот заменик Бен Родс, Еден од претставниците на кинескиот протокол и упатил Рајс и претставникот на Белата куќа каде треба да застанат странските новинари, а во тоа време меѓу нив стоел агент на Тајната служба на САД.

Американските медиуми оценуваат, исто така, дека пристигнувањето на Обама бил хаотичен од самиот почеток. Додека персоналот на Белата куќа се обидувал да го репи проблемот со скалилата, кинески службеник наводно почнал да се дере на фотографите кои сакале да го снимат симнувањето на Обама, На тоа реагирал претставникот на Белата куча кој на домаќините им порачал дека правилата за снимањето на американскиот претседател ги доредуваат САД.

„Ова е наша земја, ова е наш аеродром“, наводно викал кинескиот службеник кој потоа и се обидел да ја спречи Рајс да влезе во возилото, па морала да реагира Тајната служба којашто го обезбедува Обама. Потоа неколку припадници на протоколот на Белата куќа биле оневозможени да влезат на местото каде што американскиот претседател требало да има состаноци,

„Своите вредности не ги иставам зад себе кога одиме на патувања. Ова не е првпат такво нешто да се случи. Тоа не се случува само во Кина“, изјави во неделата Обама.

Дополнително тензиите ги поткрена твитот на американската воена разузнавачка служба во кој пишуваше „Кина, префинета како и секогаш“, па потоа следуваше нов твит со извинување.

А на аеродромот двајца кинески службеници на крајот речиси се степале додека едниот се обидувал да го смири другиот, пишуваат американските медиуми./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија4 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија5 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија5 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија6 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија6 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија7 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија17 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија18 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија18 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија18 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија19 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија20 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија21 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија21 час

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија21 час

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...