Вести
Обама: Нема да дозволам создавање калифат во Ирак и во Сирија
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е подготвен да разгледа поширока примена на воздушни напади против исламистичките групи во Ирак, и нагласи дека нема да дозволи остварување на нивниот план за создавање калифат кој опфаќа територии од Ирак до Сирија.
Во разговорот за весникот The New York Times, американскиот претседател Барак Обама изјави и дека ирачките челници мораат самите да ги изнајдат начините за подора меѓусебна соработка.Американскиот претседател во четвртокот навечер ги одобри воздушните напади во Ирак „за да се избегне геноцидот“ над иранските малцинства, како и „за да се заштитат американските интереси“ во ирачкиот град Ебрил, кој се наоѓа во курдската автономна област Северен Курдистан, кому му се заканува заземање од страна на џихадистите од Исламската држава и радикалните сунитски бунтовници, коишто последните месеци освоија големи територии во Ирак, и зазедоа три големи градови во кои живееја претежно христијани и припадници на етничката група језиди и на помала шиитска секта, а два месеца беа штитени од курдските борци.Кон крајот на јуни Исламската држава во Ирак и на Шам (Левантот – Медитеранот) (ISIL –сега само Исламска држава – IS), прогласи сунитски калифат кој опфаќа територии од медитеранскиот брег на Либан преку Сирија до ирачката планина Загрос. Овој потег укажува на сѐ посилните амбиции на групата да води глобална света војна објавувајќи мапи како смета во следните децении својот „калифат“ да го прошири во Европа, вклучително и на Балканот.Обама во разговорот за NYT изјави дека САД ќе сторат дополнителни напори за да ѝ помогнат на легитимната ирачка влада во сузбивањето на заканата од исламистите кои прогласија калифат.„Нема да дозволиме да создадат некаков калифат на територијата на Сирија и на Ирак. Но тоа можеме да го сториме само доколку знаеме дека на теренот имаме партнери кои можат да ја пополнат празнината“, вели американскиот претседател.Обама, притоа, ги пофали претставниците на полуавтономната покраина Курдистан кои според неговата оцена се „фунцкионални“ и „толерантни кон другите секти и вери“, и најави дека Вашингтон дополнително ќе им помогне.„Сепак, пошироко говорејќи, она што го нагласи е дека не сакам ние да ја преземеме работата на ирачките воздухопловни сили“, вели Обама.Весникот потсетува дека американскиот претседател во еден од своите претходни говори во врска со ситуацијата во Ирак нагласи дека „две ипол години по заминувањето на американските војници од Ирак, нема повторно да испраќа копнени сили во оваа земја, идејќи нема американско воено решение за кризата“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.