Контакт

Вести

ОН жалат за прекинот на преговорите за Сирија, Москва возвраќа со обвинувања за САД

Објавено пред

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мисура, изрази длабоко жалење за одлуката на САД да ги прекинат преговорите со Русија за примирјето во Сирија, а Москва изразувајќи исто така жалење обвини дека Вашингтон не може да ги исполни клучните услови за договор за сирискиот конфликт и дека со тоа сака да го оправда сопствениот неуспех, како и оти никогаш на извршиле никаков притисок врз џихадистите од ан-Нусра.

dobivaj vesti na viber

„Обединетите нации никогаш нема да го препуштат сирискиот народ на судбината на бесконечниот насилен судир“, објави канцеларијата на специјалниот пратеник на светската организација за Сирија, Стефан де Мистура.

Русија, од своја страна, ги обвини САД дека не успеале да ги спроведат клучните делови од договорот од 9-ти септември во Женева за Сирија, и оти сега се обидуваат одговорноста да ја префрлат врз руската страна, соопшти портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа уште еднаш повтори дека клучното прашање беше САД да ги одвојат сириските опозициски бунтовници кои ги поддржуваат од ултрарадикалните исламистички терористички групи, а бараа Русија да не ги бомбардира бунтовниците

Особено во градот и покраината Алепо, САД се покажаа неспособни да го раздвојат таканаречените умерени групи од поранешната Џенбхат ан-Нусра, денес Џебхат Фатех ал-Шам, сириското крило на Ал Каеда, која ОН ја ставија на листата терористички организации, рече..

„Недејствувањето на Вашингтон им овозможи на терористите да се прегрупираат, да добијат оружје и да се мобилизираат“, обвини Захарова.

„Денешната одлука на Вашингтон е одраз на фактот дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама не е способна да го исполни главниот услов од нашата соработка во интерес на надминувањето на сирискиот конфликт. Или таа никогаш и немала таква намера“, се наведува во писмената изјава на руското министерство за надворешни работи.

Се додава дека соопштението на американскиот Стејт департмент за прекинот на соработката „не може а да не предизвика длабоко разочарување“.

„Силно жалиме за одлуката на Вашингтон да го прекине дијалогот за враќање на мирот во Сирија. Изјавата на Стејт департментот за еднострано прекинување на соработката со Русија за решавање на сирискиот конфликт ….., предизвикува длабоко разочарување“, порачува руската дипломатија.

Се истакнува и дека Вашингтон никогаш не извршил никаков притисок врз џихадистичката Џебхат ан-Нисра.

„САД никогаш не вршеле реален притисок врз Џебхат ан Нусра. Не сторија ништо и не преземаа какви и да се дејствија против нејзините милитанти кои продолжија со нападите, а истовремено во Вашингтон енергично се противеа да ги прекинеме нашите“, обвинува Москва.

Притоа, го поставува прашањето зошто американската администрација воопшто не се залагала за раздвојување на опозицијата од Џебхат ан-Нусра.

„Во услови кога се признава дека станува збор за терористичка организација, директно поврзана со Ал Каеда која пред 15 години изврши ужасни терористички напади во САД, администрацијата на Барак Обама не брза да ги дистанцира од неа антивладините групи (во Сирија), кои се под влијание на Вашингтон“, велат од руската дипломатија.

„Дури напротив, ја прикриваат со присоединување кон неа на опозициските групи, кои формално потврдија дека се приклучуваат на прекинот на непријателствата“, заклучуваат во Москва./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија1 час

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет2 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Македонија12 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ18 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија19 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ20 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија21 час

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија22 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија22 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија24 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...