Вести
Пророк од Кремљ тврди, Путин ќе биде уште помоќен, но не како претседател

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги пренесе најзначајните претседателси овластувања на Државниот совет, додека претседателот на државата би бил само протоколарна фигура, предвидува Валериј Соловеј, руски политиколог кој го најави повлекувањето на Путин од претседателската функција.
Интервјуто за Moscovsky Komsmomolets (Московки Комсмотoлец), кое подоцна беше „привремнено“ тргнато, предизвика бура во светските медиуми.
Соловеј, кој во Русија важи за „кремељски пророк“, изјави дека Путин ќе се повлече од Кремљ во 2017 година и ќе свика вонредни претседателски избори. Тој наведува дека Путин нема да се кандидира за нов мандат, и дека се соочува со извесни проблеми заради кои ќе мора да отсуствува од јавноста неколку месеци.
На прашање дали се работи за некоја болест на претседателот, Соловеј не сакаше детално да ја образложува својата изјава.
Соловеј на социјланите мрежи веќе има објавено дека Путин ќе инсистира на уставни промени со кои фактички би се развластил претседателот, а власта би се пренела на Државниот совет, формиран во 2000 година, а кој сега има советодавна улога.
Според проценката на Соловеј, Државниот совет ќе се занимава со стратешки прашања, а претседателот со опертаивни и протоколарни. Како што вели, на чело на Државниот совет би бил „веќе знаете кој“, алудирајќи на Путин.
Соловеј тврди дека новиот претседател ќе му биде „слуга на царот и владател на војниците“. Спред неговите наводи, новиот претседател би требало да биде либерален за да се подобрат односите со Запад, алудирајќи на Дмитриј Медведев. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.