Контакт

Вести

Првиот ден од муслиманскиот хаџ одбележан со кризата меѓу Ријад и Техеран

Објавено пред

Речиси милион и половина муслимански верници од целиот свет го започнаа во саботата аџилакот во Мека, оваа година одбележан со отворената криза меѓу сунитска Саудиска Арабија и шиитски Иран.

dobivaj vesti na viber

Аџилакот во Мека или хаџот е еден од петте столбови на Исламот кои секој верник мора да ги исполни барен еднаш во животот, доколку има услови за тоа, како здравје или материјални средства.

Милиони муслимани ширум светот секоја година го посетуваат најсветиот исламски град Мека во Саудиска Арабија, родното место на пророкот Мухамед. Управувањето со непрекинатиот бран аџии, организацијата на нивниот прием, превозот и безбедноста претставува огромен логистички предизвик за Саудиска Арабија.

Минатата година на хаџот, според податоците на странските влади, во стампедото кое се создаде во текот на ритуалот на каменувањето на сотоната загинале 2.287 луѓе што предизвика големи меѓународни критики.

Саудиска Арабија признава 769 мртви, а резултатите од истрагите кои ги презема нејзината влада уште не се објавени. За да се избегне повторување на таква трагедија, Ријад годинава објави дека преземал нови мерки за безбедност.

Првпат во триесет години на годинешниот хаџ нема да учествуваат Иранците, бидејќи токму минатогодишнататрагедија го разгневи Техеран чии односи со Ријад и онака беа напнати.

По таа драма во која загинаа 460 ирански аџии, и покрај преговорите, двете регионални сили не успеаја да се договорат за испраќање на Иранците на годинешниот хаџ.

Претходно седмицава Големиот муфтија на Саудиска Арабија, шеик Абдулазиз Ал ал-Шеик, највисокиот верски авторитет во земјата водена од сунитска династија, во изјава објавена во средата вели дека водачите на најголемиот регионален ривал шиитски Иран, не се муслимани, како и дека сунитските муслимани ги сметаат за свои непријатели.

Ал-Шеик реагираше на коментарите на врховниот ирански верски и државен водач ајатолахот Али Хамнеи кој ги организираше саудиските организатори на хаџот и сугерираше дека муслиманските земји треба да размислат стават крај на саудиската контрола над овој традиционален аџилак, еден од главните столбови на исламот.

Одговарајќи на прашањето на коментарите на Хамнеи изнесени во понеделникот, Ал ал-Шеик изјави дека не е изненаден. „Мораме да сфатиме дека тие не се муслимани… нивната омраза кон муслиманите е стара и нивниот главен непријател се следбениците на Суна“, рече.

Тој вели дека иранските водачи се „следбеници на магот“, поим со кој се алудира на зороастризмот, официјална религија во некогашна Персија до инвазијата на муслиманските Арапи пред 13 векови.

Забелешките на ал-Шеик, објавени во вторникот во саудискиот весник Meka, предизвика брза реакција на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф кој остро ја критикуваше саудиската вехабитска школа на сунитскиот ислам.

„Навистина, нема сличност меѓу исламот на Иран и повеќето муслимани и – нетрпеливиот екстремизам на вехабитските водечки клерици и проповеди на саудиските терористички умови“, напиша Зариф во порака на Twitter.

Односите на шиитски Иран и Саудиска Арабија со која владее сунитска династија која го практицира вехабитскиот ислам, се многу влошени, откако на почетокот од годинава во Ријад беше погубен влијателен шиитски клерик, а во Иран беа нападнати и запалени саудиските дипломатски претставништва. Претходно односите меѓу Ријад и Техеран беа влошени поради најголемата трагедија во историјата на хаџот во Мека и Медина кога загинаа илјадници аџии, претежно ирански. Иран ја обвини Саудиска Арабија дека не преземала доволно безбедносни мерки и оти ги крие вистинските бројки на жртвите.

Односите меѓу Техеран и Ријад се лоши и поради тоа што двете земји во регионалните кризи, како во Јемен и Сирија, поддржуваат различни страни во тамошните судири./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија50 минути

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Свет1 час

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион1 час

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет2 часа

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет2 часа

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија2 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион3 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет3 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ3 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија3 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија19 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија19 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија22 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија23 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...