Контакт

Вести

Путин: Несоработката со Асад е голема грешка

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделник дека е голема грешка да не се соработува со војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад, единствената сила која вистински се бори против Исламската држава(ИД).

dobivaj vesti na viber

 

 

„Го сметаме за голема грешка одбивањето на соработка со сириската влада и нејзините вооружени сили кои храбро се борат против тероризмот гради в гради“, рече Путин на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации(ОН).

 

„Мораме на крајот да признаеме дека никој освен силите на претседателот Асад и курдските милиции вистински не се бори против ИД и останатите терористички организации во Сирија“, додаде Путин.

 

Ги критикуваше оние што велат дека засилената воена присутност на Русија во Сирија е израз на глобалните амбиции на Москва, додавајќи дека Русија „повеќе не може да ја толерира сегашната состојба со работите во светот“.

 

Осврнувајќи се на западните санкции против Москва заради конфликтот во Украина, Путин истакна дека „едностраните санкции се во спротивност со начелата на ОН“. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Уставниот суд самиот треба да решава, а не ние да му кажуваме како да работи, вели Сиљановска-Давкова

Одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците е очекувана за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова....

Македонија8 часа

Се врши претрес во Судскиот совет за да се обезбедат записници поврзани со мандатот на Дамева

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет. Oд Јавното обвинителство информираат дека претресот се врши за...

Македонија12 часа

Кузеска: Скандал – сопруга на градоначалник од ДПМНЕ избрана за член на Судскиот совет

Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозен е изборот на Данка...

Македонија13 часа

За ДУИ, однесувањето на претседателот на Уставниот суд е неприфатливо и скандалозно, бараат итна оставка

„ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. Одлуката...

Македонија14 часа

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиона евра годишно, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и на министерствата. Истражувањето...

Македонија15 часа

Земјотресите во Косово почувствувани и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Култура16 часа

Отворено писмо на ИФФК „Браќа Манаки“: Агенцијата за филм веќе цели пет месеци одбива да изврши исплата на Фестивалот

Тимот на ИФФК „Браќа Манаки“ упати отворено писмо до Агенција за филм на РСМ, Министерство за култура и туризам, Влада...

Македонија18 часа

За да не биде ничиј товар, се повлекува од политиката; Груби: Пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза

Откако беше ставен на црната листа на САД, Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ, одлучи да се повлече од политиката...

Македонија1 ден

Притвор за Васко Стефанов и уште седум лица, за Ковачевски кој не е во земјава судот определи мерки на претпазливост

Кривичниот суд донесе решенија со кои на осум лица им е определен притвор, во врска со полициската акција „Адитив“. Меѓу...

Македонија1 ден

Ахмети не се откажува од Груби, вели дека ако се докаже вина, Артан самиот ќе се повлече од партијата бидејќи е совесен

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, не планира да го отстрани од партијата свјот најблизиок соработник Артан...

Македонија1 ден

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Првин ќе се слушне мислењето на експертите, а потоа ќе се одлучува за Законот за употреба на јазиците. Уставниот суд...

Македонија1 ден

Oбвинителството оформи предмет за Груби и за судијата Беџети, кои се на црната листа на САД

Обвинителството оформи предмет со кој се опфатени поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети, кои се ставени на...

Македонија2 дена

Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство, рече министерот Тошковски

Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,...

Македонија2 дена

Моноетничките седници секогаш биле најава за лоши периоди во мултиетничка држава, стражата на јазикот продолжува, порача Османи пред Уставниот суд

Осуда на продолжувањето на седницата на Уставниот суд изрази потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. „Апсолутно е недозволено во мултиетничка држава...

Македонија2 дена

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај...

Македонија2 дена

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од...

Топ2 дена

(Видео) Пронајдени над четири килограми дрога при претрес во Драчево

Синоќа во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР...

Македонија2 дена

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонскиот судско-обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Она што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на...

Македонија2 дена

Уставниот суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува единствено во согласност со Уставот, бара СДСМ

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и...

Македонија2 дена

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во...