Контакт

Вести

Расмусен: НАТО ќе биде поприсутен во источна Европа

Објавено пред

НАТО ќе ја зајакне својата присутност во своите источноевропски членки, така што на тоа подрачје ќе распореди сили кои може да реагираат на секоја закана, изјави во понеделникот генералниот секретар на Алијансата, Андер Фог Расмусен.

dobivaj vesti na viber

„Во моментов имаме значително подобрување на подготвеноста на нашите сили за брзо распоредување. Ќе го развиваме она што го нарекуваме сили за брза реакција. Тоа ќе бидат сили со многу висок степен на подготвеност, способни за распоредување во многу кус временски период“, појасни Расмусен за новинарите и додаде дека за тоа ќе биде потребна неопходна инфраструктура на територијата на земјите членки. На претстојниот самит на НАТО во Велс, истакна генералниот секретар, ќе биде донесен план за зголемената подготвеност за реагирање на кризите во која и да е точка во светот, што според него е во прв ред поврзано со руската политика кон Украина.Генералниот секретар на НАТО рече, меѓу другото, дека постои намера за квалитативно подобрување на размената на разузнавачките информации меѓу членките на Алијансата и на „ажурирање на одбранбените планови“ за сметка на почестите воени маневри. „Планот за подобрување на подготвеноста, ќе ни осигури да имаме соодветни сили и вооружување на вистинско место и во вистинско време“, прецизираше Расмусен.„Тие сили ќе ги пополнуваат сојузниците и командата со нив ќе ротира. Тие може да бројат до неколку илјади војници, подготвени да реагираат кога тоа ќе биде потребно, со воздушна и поморска поддршка, како и поддршка од командоси“, појасни генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.„Тоа значи повидлива присутност на НАТО на истокот, толку долго колку што ќе биде потребно“, додаде, истакнувајќи притоа дека Алијансата со тоа нема да го прекрши договорот со Русија од 1997 година со кој се ограничува бројот на нејзините војници во регионот, но и дека тоа е поврзано со кризата во Украина. Велејќи дека НАТО е заинтересиран за „стабилна соработка“, Расмусен истакна дека жали поради тоа што Русија, според мислењето на Алијансата, гледа на сојузот како на противник. „Ние ќе се адаптираме на таквата ситуација“, заклучи Расмусен.Потенцирајќи дека единиците ќе бидат присутни во Источна Европа толку долго колку што е потребно, Расмусен појасни дека „не затоа што НАТО има намера да заштити некого, туку затоа што заканата станала поитна и конкретна. Ние ќе сториме сѐ што е потребно, за заштита на нашата Алијанса“.Расмусен рече и дека „не е подготвен да зборува за конкретни бројки, во врска со формирањето на оперативните бази“. „Тоа е дел од воената специфика која треба да биде разработена по самитот (во Велс на 4-ти и 5-ти септември). И на крајот, кој ќе плати? Тоа ќе бидат заеднички напори. Сите членки НАТО, на еден или друг начин, ќе учествуваат во финансирањето“, појасни генералниот секретар на НАТО.Притоа укажа на важноста од зголемувањето на трошоците за одбрана од страна на земјите членки на НАТО, поздравувајќи ја подготвеноста на источноевропските членки. „Тоа ќе бидат веродостојни колективни напори во духот на солидарноста“, рече челникот на Алијансата.Во саботата The Financial Times пишуваше дека Велика Британија во текот на седмицата ќе го објави создавањето на заеднички сили за брзо реагирање со седум земји членки на НАТО, но дека процесот за формирање на структурата се соочува со оддолжување. Според весникот, во формирањето на споменатите сили, покрај Велика Британија, ќе бидат вклучени и Данска, Латвија, Литванија, Естонија, Норвешка и Холандија. Се верува дека тие сили „ќе одржуваат редовни големи вежби во Европа и на други локации“, иако „деталите сѐ уште се финализираат“.Во пресрет на самитот на НАТО во Велс на 4-ти и –ти септември, британскиот премиер Дејвид Камерон како домаќин на состанокот на врвот ќе објави за новата структура на силите на земјите на Алијансата во чиј состав ќе влезат „не помалку 10 илјади војници“, истакнува весникот, според кој тие мерки се „одговор“ на активностите на Русија во Украина. Во составот на новите сили за брзо распоредување, како што се очекува, ќе влезат единици на воздухопловните, поморските и копнените војски. Тие ќе бидат подготвени како за брзо реагирање, така и за редовни вежби. Се претпоставува дека во почетокот командата ќе ја преземе Велика Британија. Притоа, според весникот, „модел за заедничките сили за брзо реагирање ќе бидат заедничките сили за брз одговор на Велика Британија и Франција, кои треба да ја достигнат целосната борбена подготвеност до 2016 година“, прецизира весникот. Како што пишуваат другите западни медиуми, Полска, Латвија, Литванија, Естонија и Канада се залагаат за отповикување на Основачкиот акт на Русија – НАТО од 1997 година. Во неделата германскиот весник Der Spiegel, таквиот чекор ќе овозможи зголемување на бројот војници, коишто Северноатлантскиот сојуз може да ги распушти на територијата на земјите од поранешниот источен блок. Весникот истакна дека официјален Берлин во оваа фаза е против таквиот чекор, но и дека „со некоја нова активност“ на Москва, таквата позиција на германските дипломати ќе стане посложена. Официјални извори од германската влада и од НАТО одбиле за весникот да ги коментираат ваквите наводи.Во неделата германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung повикувајќи на се сопствени извори пишуваше дека НАТО планира да воспостави пет бази во Источна Европа, и тоа во Латвија, Литванија, Естонија, Романија и Полска. Според сознанијата на весникот, во секоја од овие база долгорочно ќе бидат распоредени по 600 војници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија2 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија4 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија6 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија8 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија9 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет9 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија9 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет10 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија10 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет10 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија24 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...