Контакт

Вести

Русеф предупредува дека е жртва на државен удар

Објавено пред

Суспендираната бразилска претседателка Дилма Русеф предупреди во понеделникот дека е жртва на државен удар кој ја доведува во прашање иднината на земјата, во последното обраќање во Сенатот пред гласањето за нејзино отповикување во вторник или во средата.

dobivaj vesti na viber

Бразилската претседателка Дилма Русеф, како што пренесуваат агенциите, ги отфрлила обвинувањата дека ги прекршила буџетските правила и тврдела дека бразилските финансиски елити и политичката опозиција се обидуваат да ја дестабилизираат нејзината влада уште од нејзиниот повторен избор на должноста во 2014 година за да ги заштитат интересите на привилегираните, вклучително и приватизацијата на државната сопственост, како што се големите подводни резерви од нафта.

Русеф е обвинета дека со парите од државните банки ја финансирала државната потрошувачка во текот на изборната 2014 година.

Таа, пак, истакнува дека парите не влијаеле врз дефицитот, како и дека следната 2015 година веќе биле во целост вратени. Тврди, исто така, дека сите нејзини претходници постапувал идентично, а против нив никогаш не биле покренувани никакви истраги.

„Дојдов, господа сенатори, да ве погледнам в очи и да ви кажам дека не сум кривично одговорна, дека не сум ги сторила делата за коишто неправедно ми се суди и произволно му се припишуваат“, рекла Русеф, пренесува AFP.

Русеф оценила дека станува збор за „државен удар за индиректно да се доведе на власт узурпаторска влада“, потсетувајќи дека за неа гласела 54 милиони Бразилци. „Се наоѓаме на чекор од големо кршење на Уставот, конкретизација на вистински државен удар“, предупредила бразилската претседателка.

Предупредила, исто така, дека новата конзервативна влада ќе ги намали издвојувањата за социјалните програми и ќе го поништи напредокот постигнат изминатата деценија во борбата против сиромаштијата. „На коцка е иднината на Бразил“, предупредила уште еднаш Русеф.

Оваа сега 68-годишна политичарка со револуционерно минато, ги потсетила сенаторите дека целиот свој живот се бори за демократијата, од апсењето и измачувањето во времето на воената диктатура до членувањето во левата герилска групација и изборот за прва жена претседател во историјата на Бразил.

„Гласајте против отповикувањето, гласајте за демократијата“, заклучила Русеф по триесетминутното излагање по коешто одговарала на прашањата од сенаторите.

Сега следува расправа на сенаторите и конечното гласање, коешто се очекува во вторник или во среда. За отповикување потребни се две третини од сенаторите, односно 54 од 81. Доколку биде отповикана, Русеф нема да може да извршува јавни функции во период од следните осум години.

Поддршка на Русеф во Сенатот дошле да ѝ искажат и дваесетина министри од нејзината поранешна влада, вклучително и на нејзиниот политички ментор и поранешен бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, основачот на Работничката партија.

Русеф од средината на мај ја менува непопуларниот потпретседател 75 годишниот Мишел Темер од десноцентристичкото Бразилско демократско движење (PMDB), кој доколку таа биде прогласена за виновна и отповикана од должноста, ќе го одработи нејзиниот мандат до крајот на 2018 година.

Неговата влада најави дека ќе ги воведе непопуларните мерки за штедење за да го намали растечкиот државен дефицит поради кој минатата година Бразил остана без инвестициски рејтинг. Бразил во моментов има 11 милиони невработени лица и дефицит поголем од 45 милијарди американски долари.

Бразил веќе две години е во рецесија, за што многумина ј аобвинуваат ток,му Русеф. Нејзината популарноста падна и поради големиот корупциски скандал во државната нафтена компанија „Petrobras“, кој фрли дамка врз поголемиот дел од бразилската политичка елита, вклучително и партијата на потпретседателот Темер, За наводен обид да се попречи правосудството, за пасивна корупција и перење пари во оваа афера е обвинет и Лула.

Темер е уверен дека ќе ја добие поддршката од две третини од сенаторите и за среда веќе најави обраќање донацијата, по што ќе отпатува на самитот на земјите од групата Г20 во Кина. „Потребни ни се 54 гласа, а очекуваме дека ќе добиеме најмалку 60“, изјавил неговиот портпарол.

Испитувањето на весникот O Ertado de S.Paulo објави во понеделникот покажа дека против Русеф ќе гласаат 53 сенатори, а дека ќе ја поддржат само 19, девет помалку од 28 колку што ѝ се потребни за да остане на власт. Девет сенатори притоа не се изјасниле.

Но дури и сенаторите кои не сметаат дека би требало да биде сменета, ќе гласаат против неа, бидејќи повеќе не веруваат дека има доволна поддршка за да владее и да ја прекине политичката криза во земјата.

„Ќе гласам против неа, иако мислам дека е трагедија што отфрламе избрана претседателска, но уште две ипол години власт на Дилма би било полошо“, рекол сенаторот Кристовам Буарке за Reuters./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија6 минути

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија7 минути

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија1 час

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија1 час

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија3 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија5 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија6 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија6 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија7 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија8 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија9 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион9 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет10 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија10 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион11 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет11 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ11 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија11 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија1 ден

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...