Контакт

Вести

Русија и Иран се против наметнување надворешна волја на Сиријците

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин на средбите во понеделникот во Техеран со иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Роухани се согласи со своите домаќини дека светските сили не би смееле на Сиријците да им ја наметнуваат политичката волја, за зајакнувањето на напорите на Москва и Техеран во решавањето на сириската криза, како и за меѓусебната економска соработка.

dobivaj vesti na viber

„Никој не може и не треба однадвор на сирискиот народ да му наметнува никаков облик на управувањето на неговата држава, ниту да говори кој треба да управува со неа. Сирискиот народ треба да одлучи за тоа“, изјави рускиот претседателот Владимир Путин, според соопштението што го пренесуваат медиумите.Кремљ во соопштението наведува и дека „двете страни го истакнаа единството во врска со ставовите на Москва и Техеран за недозволивиот карактер на надворешните настојувања да се диктира сценариото на политичко решение на судирот во Србија“. Портпаролот Дмитриј Песков во изјавата за медиумите прецизираше дека разговорот меѓу Путин и ајатолахот Али Хамнеи на маргините од самитот на Форумот на земјите извознички на гас (GRFC) во Техеран, траел повеќе од час и половина, како и дека тој бил „прилично конструктивен“ и овозможил извонредно детална размена на мислењата.Хамнеи притоа САД го обвини дека долгорочно сакаат да доминираат со Сирија, а потоа и со целиот регион. „Тоа претставува закана за сите земји (во регионот), а особено за Русија и Иран“, рече ајатолахот. Според него, „САД сега се обидуваат својата неуспешна воена цел да ја остварат со политички средства“, алудирајќи на предложените чекори од Вашингтон на мировните преговори за завршување на речиси четиригодишната граѓанска војна во Сирија, кој го исклучува од политичката иднина на земјата актуелниот претседател Башарал-Асад.Таквиот став Путин го изрази и по разговорот со иранскиот претседател Хасан Роухани. „Ја продолжуваме координацијата со Иран во борбата против тероризмот. Ќе ја зајакнеме нашата соработка во рамките на меѓународната група за Сирија, вклучително и за реализацијата на решението за започнување на сеопфатен меѓусириски политички процес“, порача рускиот челник.Иран и Русија се главните сојузници на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад во борбата против екстремната сунитска организација Исламска држава и Ал Каеда, како и на вооружената сунитска опозиција којашто ја сметаат за „умерена“ и ја поддржуваат сунитските арапски држави во регионот и Турција, како и нивните западни сојузници предводени од САД. Русија и Иран имаат намера да ја зголемат динамиката на трговските врски, фокусирајќи се на диверзификацијата на стоковата размена, како и да ја зголемат размената во национални валути во меѓусебните економски односи, изјави рускиот претседател Путин по средбата со иранскиот колега Хасан Роухани. Во изјавата за медиумите додаде и дека двете земји ќе ја интензивираат и индустриската соработка. „Русија е подготвена да одвои за тие цели државни извозни кредити во износ од 5 милијарди американски долари“, рече Путин. Додаде дека во сферата на заедничката соработка се одбрани 35 приоритетни проекти во енергетиката, градежништвото, поморските терминали, железницата….Покрај тоа, додаде Путин, „Евроазиската економска унија (бесцарински сојуз на поранешни советски републики кој го предводи Москва – з.р) ќе започна со испитување на можностите за создавање зона на слободна трговија со Иран“.Западните коментатори сметаат дека Русија, по нуклеарниот договор на шесте светски сили и Иран, повторно да ја воспостави соработката на извоз на нуклеарна технологија за Исламската Република. Москва соопшти дека со тоа ќе му помогне на иранскиот извоз на збогатен ураниум и модификација на нуклеарните постројки во Арак и Форду кои се под постојана контрола на меѓународните инспектори. Во текот на следните 15 години, според одредбите на нуклеарниот договор, треба да бидат затворени најголемиот дел од иранските центрифуги за збогатување ураниум, што ќе го намали збогатувањето за 98 отсто, на 300 килограми. Русија изрази подготвеност да му помогне околу извозот на вишокот збогатен ураниум, количеството над договорените 300 килограми, а како замена во Иран би испраќала сиров ураниум. Ниско збогатениот ураниум, од 3 до 4 процeнти, од концентрацијата на изотопот U-235, може да се користи за производство на гориво за нуклеарните централи. За производство на нуклеарно оружје неопходен е да се има ураниум збогатен до 90 отсто, а постоеја сомневања дека Иран со новата генерација центрифуги успеал да дојде до збогатен ураниум над 20 отсто, по кој е лесно да се достигне и 90-процентната збогатеност./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија4 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија5 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија5 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија7 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија7 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија8 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија8 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија8 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија8 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија8 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија8 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија9 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија10 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија11 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија13 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија15 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....