Контакт

Вести

САД објавија снимки за руски единици на украинска територија и сметаат дека тоа е напад

Објавено пред

Американската мисија при НАТО во Брисел постави на интернет снимки од цивилен сателит, за кои тврди дека покажуваат дека руски воени единици се наоѓаат на територијата на Украина, додека Стејт департментот смета дека со ова Русија извршила напад врз Украина, рече ноќта кон петокот портпаролката Џен Псаки и додаде дека Вашингтон разгледува разни опции против Русија.

dobivaj vesti na viber

САД ја обвинија Русија дека активно се бори во источна Украина давајќи им поддршка на бунтовничките сили. „Јасно е дека Русија ја засилила својата присутност во Украина и директно интервенирала со борбени сили, оклопни возила, артилерија и ракетни системи земја-воздух, и дека активно се бори против украинските сили, како и дека директно ги поддржува сепаратистичките сојузници и платеници“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки. Псаки рече дека САД во Украина гледаат „образец на ескалирачка руска агресија“.На брифингот во Вашингтон, Псаки одговарајќи на новинарско прашање зошто САД говорат за „руски напад/агресија“ кога Киев активностите на Москва ги квалификува како „руска инвазија“, рече дека според мислењето на САД станува збор за агресија. „Во секој случај, тоа што тие го прават е нарушување на суверениетот и интегритетот на Украина, и Русија мора да прекине со тоа“, рече Псаки.Одговарајќи за можното обезбедување воена помош за Киев од страна на Вашингтон, Псаки изјави дека САД „го фокусираат вниманието на доставување на воена помош која не може да предизвика смрт на противникот“, односно за технички средства кои имаат во прв ред одбранбен карактер. „Испративме неколку видови несмртоносна помош, како и низа други земји во Европа. Не исклучуваме опции“, рече.Покрај тоа, Псаки истакна дека САД не го разгледуваат прашањето за воена помош на Украина. „Военото решение не е она што ние го сметаме за правилен пристап. Затоа ние ги преземаме сите можни мерки за дипломатско решение на прашањето“, изјави портпаролката на Стејт департментот.Во врска со заострувањето санкции против Русија, каква што најава претходно во четвртокот дојде од редица европски политичари, Псаки реле дека „досегашните санкции влијаат врз руската економија“. „Имаме дополнителни инструменти за притисок“, порача портпаролката на американската дипломатија.

Претставници на воените структури на Северноатлантската алијанса на брифинг во штабот на Здружените сили на НАТО во Европа во Монс, во јужна Белгија, претходно во четвртокот изјавија дека наводно над илјада руски војници војуваат на територијата на Украина на страната на бунтовниците. Исто така, во НАТО проценуваат дека на руската страна на границата има стационирано 20 илјади руски војници.Алијансата објави сателитски снимки, кои според толкувањето во соопштението на интернет, јасно покажуваат дека руска самоодна артилерија се наоѓа на украинска територија како и во близина на границата со Украина, а исто така видливо е и дека на 50 километри од границата има оклопни единици. Коментирајќи го соопштението, холандскиот бригаден генерал Нико Так, изјави дела Алијансата забележала зголемување на руско воено присуство во Украина во последните две седмици. На бунтовниците во источна Украина, според него, им се доставува од Русија противвоздушна одбрана, артилерија, тенкови и оклопни возила. Генералот Так вели дека во Украина се наоѓаат „значителен број руски борбени единици“.Алијансата истакнува дека снимките што ги приложи се направени од независната компанија й Digital Globe и оти „не биле преправани во НАТО“, туку „додадена е информацијата за да се идентификуваат местата, датумите и оружјето“.Така во текстот се наведува дека на една до снимките направени на 21-ви август, е снимена колона од возила, кои според толкувањето претставуваат руска самоодна артилерија која се движи во реонот на украинскиот град Краснодон./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија9 минути

Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија28 минути

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија2 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија2 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион3 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет4 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија4 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион4 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет5 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ5 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија5 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија20 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија21 час

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија23 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...