Контакт

Вести

САД почнаа бомбардирање во Ирак со бомби од 250 кгр

Објавено пред

Американските воени авиони бомбардирале во петокот во 12.45 часот по средноевропско време артилериски батерии на џихадистите од Исламската држава (IS), поранешната Исламска држава во Ирак и Шан (Левантот – Медитеранот – ISIL), кои биле користени против курдските сили коишто го бранат градот Ербил, објави во петокот портпаролот на американското министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Два ловци од типот „F/A-18“ истрелале ласерски наведувани проектили тешки 250 килограми врз подвижна артилериска единица кај Ербил, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Додал дека исламските борци со таа гранатирале силите кои го бранат Ербил во кој се наоѓаат и околу 40 американски војници. „Одлуката за нападот ја донесе командантот на Здружената команда на американските сили врз основа на одобрување на Врховниот командант“, се наведува во соопштението на Кирби.

Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот навечер ги одобри американските воздушни напади за да го спречи „можниот геноцид“ над стотици илјади припадници на малцинската шиитска заедница – језиди, коишто заедно со протераните христијани спасот од џихадистите го побараа во бегство во околните планини. САД, исто така, од воздух на бегалците им доставува помош во вода, храна и лекови.

Велика Британија најави дека на САД ќе им пружат „техничка помош“ во воздушното доставување на помош, но премиерот Дејвид Камерон ја исклучи секоја можност од британска воена интервенција.

Исламската дражва, најрадикалниот одметнат огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, ја започна својата офанзива во Ирак на почетокот од јуни кога без речиси никакво отпор од странана ирачката армија освои големи области во северниот и централниот дел на земјата и продолжува со воените успеси и заземањето територии.

Сега е дефинитивно потврдено дека градовите како што се Каракош, во кој 99 отсто од населението беа христијани, Тилкаиф, Бартела и Карамлеш останаа без жители и дека се целосно под контрола на сунитските бутновнички групи и на џихадистите, вели во својот апел до меѓународната заедница монсињор Жозеф Тома, калдејскиот надбискуп за Киркук и Сулејманија, двата големи ирачки града во кои порано имаше значајни заедници на христијаните.

Ваквите напредувања ги овозможи и повлекувањето на борците на Курдите, коишто во меѓувреме добија и помош од своите сонародници од Турција и од Сирија, кои дојдоа во споменатите градови пред два месеца од ирачката автономна обалст Северен Курдистан. Нивното повлекување ги доведе џихадистите на само 30 минути возење од Ербил, главниот град на автономниот Курдистан, инаку регион богат со нафта. Американските и европските компании кои ги експлоатираат овие наоѓалишта наредија итна евакуација на својот персонал од градот.

Каракош е историски познат христијански град сместен меѓу Мосул и Арнила, главниот град на ирачки Курдистан. Има околу 50 илјади жители, но во него засолниште најдоа повеќе десетици илјади луѓе, откако пред два месеца џихадистите го заземаа вториот по големина ирачки град Мосул, од каде христијаните веднаш беа протерани. Тилкаиф, во кој исто така живееја многу христијани, но и припадници на малцинската шиитска заедница Шабак, исто така, во текот на само една ноќ опусти. Џихадистите, исто така, ги заземаа и помалите градови Махмур и Ал Кваир.

Калдејскиот патријарх Лиј Сако предупреди дека во бегство се повеќе од сто илјади христијани, додавајќи дека станува збор за вистинска и сериозна „хуманитарна катастрофа“. Според Сако, во Ирак бројката на христијани Ирак во моментов е повеќе од преполовена и изнесува 500 илјади верници, во однос на 1,2 милиони христијани пред американската инвазија во 2003 година, пренесе AFP.

Исламската држава соопшти дека нејзините припадници само во Ирак заземале 15 градови, како и стратешката брана Мосул на реката Тигар која е најголема во земјата, и две воени бази. Истакнувајќи го своето црно знаме на браната, џихадистите се закануваат дека можат да ги поплават најголемите ирачки градови или значително да го намалат испорачувањето на водата за пиење, како и на електричната енергија, пренесува Reuters повикувајќи се на очевидци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ33 минути

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија50 минути

Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион5 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион5 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа6 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет6 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа6 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија18 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија20 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија22 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија22 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...