Вести
Серија експлозии крај претседателската палата во Каиро
Еден полициски офицер загинал и уште шест лица се ранети во детонации на импровизирани експлозивни направи во близина на претседателската палата Ал-Итихада во квартот Хелиополис во египетската престолнина Каиро, пишуваат локалните медиуми во понеделникот.
Како што пишува електронското издание на каирскиот дневен весник Al Ahram, утрото биле пронајдени две експлозивни направи. Првата експлодирала и ранила тројца работници на комуналните служби, а потоа експлодирала и убила полициски полковник и ранила уште тројца полицајци коишто барале евентуално други експлозивни направи кои требало да ги демонтираат. Третата бомба е откриена во близина на палатата и била деактивирана, соопштило египетското министерство за внатрешни работи.
Џихадистичката група Ажнад Маср којашто ја презема одговорноста за серијата напади последните месеци во Каиро, неодамна предупреди дека поставила бомби во близина на претседателската палата во северниот дел на главниот град, но потврди дека не ги активирала за да не настрадаат недолжни цивили.
Минатата седмица пет експлозии се случија во подземната железница, кај судот и телекомуникацискиот центар во Каиро, при што загинаа две лица а осум беа ранети.
Египет во понеделник ја одбележува првата годишнина од „револуцијата на 30-ти јуни“, со којашто беше отстранет од власта првиот демократски избран челник во историјата на земјата исламистот Мохамед Морси, откако армијата му даде ултиматум од три дена да постигне договор со секуларната опозиција којашто го обвини дека ја узурпира власта и го исламизира уставот. Со тоа требаше да се стави крај на повеќемесечните улични масовни протести на либералната опозиција и судирите со припадниците на Муслиманското братство кое стоеше зад Морси во кои загинаа повеќе од илјада луѓе.
Во последната година во Египет беа извршени повеќе десетици поголеми и помали терористички напади. Еден од најкрвавите се случи во декември 2013 година кога бомбаш самоубиец се разнесе во полициската управа во ел-Мансур, во провинцијата Дакахлија, 120 километри северно од Каиро, при што загинаа 17 луѓе. /крај/мф/сн
Извор: Al Ahram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.