Контакт

Вести

Силни земјотреси во Романија и на Филипини

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од 5,6 по Рихтер го погоди источниот дел на Романија а истовремено ноќта кон саботата регистриран е потрес од магнитуда 6,3 на филипинскиот остров Минданао, објави во саботата американскиот Геолошки институт (USGS).
 

Земјотрес со магнитуда од 5,6 по Рихтер го погоди источниот дел на Романија а истовремено ноќта кон саботата регистриран е потрес од магнитуда 6,3 на филипинскиот остров Минданао, објави во саботата американскиот Геолошки институт (USGS).

 

Земјотресот, првично проценет на јачина од 5,7 по Рихтер, го погодил источниот дел на Романија во петокот во 23,11 часот по средноевропско време. Епицентарот бил 149 километри северно од главниот град Букурешт. Бил почувствуван и во повеќе градови во соседна Украна, вклучително и престолнината Киев каде предизвикал непријатно чуство меѓу населението, пренесуваат тамошните медиуми.

Потресите со магнитуда од 5,7 по Рихтер се сметаат за земјотреси со умерена јачина, кои може да нанесат поголеми штети, а последиците од делувањето на овој потрес го ублажило тоа што неговото жариште било на длабочина од 91,25 километри.

Малку претходно во петокот, околу 22,53 часот по средноевропско време, земјотрес со првично проценета магнитуда од 6,5 по Рихтер го погодил филипинскиот остров Минданао. Епицентарот на потресот бил на 114 километри источно од градот Давао, а на длабочина од 69 километри под морското дно, и не предизвика цунами.

Земјотресите со магнитуда 6,3 по Рихтер се сметаат за силни и можат да нанесат големи штети, но разорниот ефект од овој е ублажен бидејќи се случил на море и на голема длабочина./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Србин уапсен во Виена, во бордел барал да му ги вратат парите

Објавено пред

Србин на возраст од 34 години бил уапсен во неделата попладне во Виена, откако побарал враќање на парите во бордел бидејќи, како што рекол, не бил задоволен од услугата, а потоа се заканил дека ќе го запали борделот, пренесува „Клајн цајтунг“.

Според портпаролот на полицијата, Кристофер Верњак, сексуалната работничка ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален.

Потоа тој побарал враќање на парите, а кога вработените го одбиле станал уште поагресивен и се заканил дека ќе го запали целиот бордел.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го привела.

Прикажи повеќе...

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Ангела Меркел ја одби понудената работа во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби работата што и ја понуди во Обединетите нации генералниот секретар на ОН Антонио...

Македонија13 минути

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет2 часа

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија3 часа

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија17 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија18 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија20 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија20 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија23 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија24 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа1 ден

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија1 ден

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет1 ден

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија1 ден

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија2 дена

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Досие