Контакт

Вести

Столтенберг: Нема приближување на ставовите меѓу НАТО и Русија за Украина

Објавено пред

Амбасадорите на земјите членки на НАТО се сретна во средата во Брисел со рускиот амбасадор во Алијансата, но средбата не доведе до приближување на ставовите околу Украина, изјави генералниот секретар на воениот блок Јенс Столтенберг.

dobivaj vesti na viber

„Не дојде до приближувањето на ставовите, но тоа беше добра прилика за разјаснување на меѓусебните ставови“, изјави Столтенберг.

„Руските потези во Украина ја загрозија евроатлантската безбедност, како и односите НАТО и Русија“, изјави Столтенберг по состанокот додавајќи дека решението на судирот на мирен начин во Украина би придонело за подобрување на односите за што се согласиле и двете страни

Столтенбер истакна, дека состанокот бил „корисен и отворен“.

„Сојузниците во НАТО јасно рекоа дека се единствени во поддршката на украинскиот суверенитет и територијалната целост“, рече Столтенебрг без вообичаените прецизирања на што се однесува тоа.

„Дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија ќе продолжи. Сепак, датумот и форматот на новата средба уште треба да е утврдат“, додаде генералниот секретар.

„НАТО ја информираше Русија за одлуките донесени на самитот во Варшава, а Русија, исто така, информираше за своите воени активности“, рече Столтенбер.

На самитот кој на 8-ми и 9-и јули се одржа во полската престолнина, НАТО донесе одлука да распореди четири баталјона со по илјада војници во Естонија, Литванија, Летонија и Полска, образложувајќи дека овие земји стравуваат од наводната „руска закана“. Москва на приближувањето на воена инфраструктура на нејзините граници одговори со испраќање на три дивизи на границите кон споменатите земји.

Според генералниот секретар, воената комуникација меѓу НАТО и Русија е „отворена, и сега е неопходно да се осигури таа ефикасно да функционира“. „Линиите на воените врски се отворени, сега тие треба да бидат ефективни. Тоа клучниот елемент за намалување на ризикот од воени инциденти“, рече Столтенберг.

Истакна дека на состанокот била разгледувана и темата за ненајавени инспекции на проверката на борбената готовност на руските вооружени сили, што кај источните сојузници во Алијансата предизвикуваат непријатност.

„НАТО го поддржува осовременувањето на Виенскиот документ на ОБСЕ за воената транспарентност и создавање механизми за ефикасно набљудување на ненајавените маневри“, истакна Столтенберг и додаде дека НАТО ќе продолжи да ја поканува Русија како набљудувач на своите маневри и ќе се придржува до воената транспарентност.

За летовите над Балтик

Генералниот секретар на НАТО, исто така, рече дека Алијансат аи Русија разговарале и за иницијативата на Финска, според која летовите на воените авиони над Балтикот мора да се вршат со вклучени транспордери кои ја идентификуваат припадноста на леталото.

„Русија предложи начини за проведување на овој предлог. Ние очекуваме повеќе дополнителни детали за предлогот. НАТО ќе ја проучи иницијативата“, изјави Столтенберг. Истовремено истакна дека „транспордерите се само еден дел од напорите за намалување на ризиците во воздухот“.

„Вториот дел е професионалноста на пилотите, имајќи предвид дека ние постојано регистрираме инциденти кога руските авиони прелетува на опасна близина до воените бродови и авиони на НАТО“, истакна челникот на алијансата.

На 1-ви јули, за време на посетата на Финска, рускиот претседател Владимир Путин го поддржа предлогот на својот фински колега Саули Ниинисто за забрана на летови над Балтикот со исклучени тренспоредри и најави дека Москва тоа прашање ќе го постави на заседанието на Советот НАТО-Русија што се одржа во средата во Брисел.

Ова беше првиот состанок на Советот НАТО-Русија од април, а пред тоа ова телот не одржа средба речиси две години поради обвинувањата на Западот дека Русија се вмешува во украинскиот конфликт, што Москва категорично го отфрла и обвинува дека токму земјите членки на алијансата предизвикале насилно менување на власта во Киев што подоцна резултираше со отцепувањето на Крим и воениот судир на рускојазичниот исток од земјата.

Советот НАТО – Русија е воспоставен во 2002 година и служи како форум за консултации за безбедносните прашања и практична соработка за цела низа прашања./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ5 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија8 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија21 час

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...