Контакт

Вести

Турција почна да ги бомбардира курдските области и во Сирија

Објавено пред

Покрај големата воена операција на југоистокот од Турција против курдските герилци, авионските напади во североисточната курдска автономија во Ирак каде ги напаѓа позициите на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), во саботата ги оствари заканите и ги гранатираше областите во северна Сирија кои се под контрола на тамошните курдски сили, што дополнително ќе ги компликува и отежни напорите на меѓународната заедница за решавање на сирискиот конфликт.

dobivaj vesti na viber

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој учествува на Минхенската безбедносна конференција, предупреди дека сириската криза е на „пресвртницата“ меѓу војната и мирот, ден откако САД и Русија се договорите за скорешен „прекин на непријателствата“.

„Турската артилерија отвори оган врз позициите на позициите на борците на YPG територијата на воздухопловната база Минех и селото Мариназ на северот од Алепо“, изјавил претставник на курдските сили за самоодбрана за телевизијата Al-Mayadееn.

Турската артилерија ги гранатирала секторите во северната сириска покраина Алепо од кои Единиците за заштита на курдскиот народ (YPG) неодамна ги истиснаа исламистичкиите групации како Исламската држава.

Веќе следниот ден курдските сили влегоа и во истоимениот град Минех. Со тоа, YPG ги пресече правците за снабдување и доведување нови борци преку пограничниот град Азаз кои од турска територија се префрлаат во покраината Алепо.

Аеродромот Минех, оддалечен десетина километри од турската граница, е сместен меѓу двете главни магистрални сообраќајници кои од Алепо, најголемиот сириски град и поранешна економска престолнина, водат кон Азаз, кој е малку посеверно.

Во саботата пред турското гранатирање, сунтиските бунтовници ја нападнаа населбата во градот Алепо во којашто живеат Курди. Според локалните курдски милиции, ваквите акции се одговор на успехот на YPG кои се покажаа како најдобрите борци на теренот во Сирија, како и во соседен Ирак, против Исламската држава и другите џихадистички групации.

Ова не е прво гранатирање на турската војска на територијата на Сирија, откако пред една седмица турските вооружени сили отворија оган врз позициите на сириската владина војска во северниот дел на покраината Латакија. Во овој напад загина еден сириски војник, како и најмалку тројца цивили.

Турција во вторникот го повика американскиот амбасадор за да му врачи протест откако портпаролот Стајт департментот изјави дека Вашингтон не ја смета Партијата на курдскиот демократски сојуз (PYD) за терористичка организација. Тензиите меѓу Анкара и Вашингтон, во моментите кога турската страна бара дејствување на НАТО во имигрантската криза, како и нејзините напнати односи со Русија, избувнаа поради Партијата на курдскиот демократски сојуз (PYD), којашто САД ја сметаат за сојузничка во борбата против џихадистичките групи и особено Исламската држава во Сирија.

Анкара ја смета PYD за сестринска партија на Работничката партија на Курдистан (PKK), која со децении води борба за независна држава, а којашто Турција, САД и Европската унија ја прогласија за терористичка организација.

Запрашан во понеделникот за разликите во мислењата меѓу САД и Турција, портпаролот на американската дипломатија Џон Кирби изјави дека „Тоа не е нова загриженост (…) А ние, како што знаете, не ја сметаме PYD за терористичка организација“, рече Кирби.

Турција стравува дека курдските милиции Единици за заштита на народот (YPG), која е блиска со PYD, во Сирија ќе ги разгори сепаратистичките тежнеења на турските Курди, како и нивно контролирање на сириските територии во близина на турската граница и на границата со Ирак од која страна исто така живеат Курди.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно објави дека Анкара би можела да преземе воени операции во Сирија за да го запре напредувањето на YPG./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија9 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија12 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија13 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија15 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија16 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет16 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија17 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет17 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија17 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет17 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...