Контакт

Вести

Уапсениот за експлозијата во Бангкок одбива да сведочи

Објавено пред

Странскиот државјанин кој беше уапсен во саботата утрото под сомнение за вмешаност во експлозијата од 17-август во која загина 21 лице, одбива да сведочи, соопшти во неделата портпаролот на тајландската полиција Правут Таворнсири.

dobivaj vesti na viber

„Тој одбива да одговара на прашањата. Поконкретно, не сака да го каже своето име и националноста“, изјави Правут Таворнсири. Полицијата се сомнева дека уапсениот учествувал во доставувањето на експлозивната направа на местото на експлозијата во тајландската престолнина Бангкок, туку ја предал директно на друго лице коешто ја поставило.

Лицето коешто беше приведено во саботата, по пребарувањето на неговиот дом, не е осомничениот кој е регистриран на снимките од надзорните камери на местото на нападот, кои претходно ги објави телевизијата, изјави во саботата вечерта Таворнсири.

„Тој е странец, но веројатно не е поврзан со меѓународниот тероризам. Имал личен мотив, која е поврзан со пријатели и членови на семејството“, изјави со саботата началникот на тајландската полиција Сомијот Пумпанмуанг без да даде други поединости.

Осомничен за вмешаност во експлозијата во тајландската престолнина, беше уапсен во саботата утрото во неговиот стан во северниот дел на Бангкок, Во текот на претресот полицијата пронашла во станот материјали кои може да се искористат за изработка на експлозивни направи.

Помошникот на директорот на полицијата Чактип Чаиџинда изјави дека е „убеден дека осомничениот бил вмешан во нападот“ од 17-ти август. Меѓу предметите запленети во неговиот стан, била и кошула на која се откриен траги од ТНТ, експлозивот користен во нападот. Според локалните медиуми, во зградата во којашто живеел уапсениот во јуни биле изнајмени пет станови, в кои живеела група странци, се претпоставува дека се од Турција.

Подоцна во саботата попладнето тајландските власти соопштија дека уапсениот е турски државјанин, но без да го откриваат неговиот идентитет. Сепак, локалните медиуми објавија турска патна исправа која гласи на 28-годишниот Адем Карадаг од Истанбул, наводно најдена кај приведениот, како и уште неколку турски фалсификувани пасоши. Таворнсири на прес-конференцијата во саботата навечер не ги коментираше воопшто овие информации.

Како што пишува во неделата весникот The Bangkok Post, за време на истрагата полицијата открила таен магацин со експлозивни материјали во една повеќекатница во Бангкок. Во станот изнајмен на име на жител на Тајланд, биле пронајдени супстанции и предмети неопходни за подготовка на експлозивни направи. Тие се испратени на вештачење, а полицијата се обидува да открие стан или објект во кој се среќавале луѓето кои го планирале нападот.

Експлозијата се случи на 17-ти август вечерта во центарот на Бангкок, и во неа загинаа 21 човек, а 123 беа повредени, од кои неколку сé уште се во критична состојба. Импровизираната бомба на далечинско управување во чиешто подготвување бил користен тринитротолуол, била поставена на оградата на хиндуистичкото светилиште на божеството Ераван (триглав свет слон) во периодот кога храмот бил особено посетен, меѓу кои најбројно се туристи од Кина, кои се и најбројни меѓу жртвите, како и од Сингапур и Тајван.

Според една од верзиите за нападот, која почива на информациите за турското потекло на уапсениот, е дека станува збор за припадници на турската ултранационалистичка организација „Сиви волци“, смета британскиот аналитичар Ентони Дејвис, од специјализиран ресурс за воената сфера.

Според неговите информации, „Сивите волци“ стојат зад неодамнешниот напад врз конзулатот на Тајланд во Истанбул. Имено во јули годинава Тајланд по една година депортираше во Кина 97 припадници на муслиманската туркофона заедница Ујгури, кои го обвинуваат Пекинг за репресија, кој пак ги обвинува за серија крвави терористички напади, сепаратизам и поврзаност со екстремни исламистички организации. Еден месец претходно тајландските власти во Турција депортираа 173 Ујгури, кои биле турски државјани. Вендаш по ова следуваше нападот врз конзулатот во Истанбул.

Ујгурските активисти за човекови права ги обвинија тајландските власт за „насилно раздвојување на ујгурските семејства“, но премиерот Прајут Чан-Оча одговори сека депортациите биле „целосно легални“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ3 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија6 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија6 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија19 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија20 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија21 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија22 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија23 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...