Контакт

Вести

Високи американски функционери бараат вооружување на Украина

Објавено пред

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Џон Бонер и други влијателни републикански и демократски конгресмени побараа од претседателот Барак Обама што поскоро да одобри испраќање на американско смртоносно оружје за борбата на Украина со рускојазичните бунтовници во моментите која сојузниците на САД во Европа сметаат дека мировниот договор постигнат на 12-ти февруари во Минск задоволително се спроведува.

dobivaj vesti na viber

„Ве повикуваме што поскоро да ги одобрите дополнителните мерки за помош на украинските настојувања да ја одбранат својата суверена територија, со трансферот на системи за вооружување на украинската војска“, се наведува во писмото кое било испратено до американскиот претседател Барак Обама во средата, а го потпишале осум републикански и тројца демократски конгресмени, пренесува Reuters.

Пред пишувањето на писмото, претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бонер заедно со неколку членови на Конгресот минатата седмица се сретна со украински парламентарци.

Американскиот претседател Обама внимателно ги одмерува состојбите околу украинската криза. Тој не исклучува оружје, како и дополнителни санкции за Русија поради нејзината наводна поддршка на рускојазичните бунтовници во источна Украина.

Москва повеќепати предупреди дека испораките на американското оружје за Украина ќе значи и ескалација на судирот и го обвини Вашингтон дека ги поттикнува воинствените радикално националистички струи во Киев со цел да го урнат договорот од 12-ти февруари постигнат во Минск меѓу челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.

Во четвртокот портпаролот на руската дипломатија, Александр Лукашевич на брифинг со новинарите порача дека Москва е вознемирена и загрижена од информациите за големите испораки на оружје од САД за Украина.

„И покрај прилично успешното имплементирање на договорот за прекин на огнот во Донбас, кој беше постигна на 12-ти февруари годинава во Минск, во соработка со челниците на земјите од ткн ’нормандски формат’ (Украина, Русија, Германија и Франција) се јавува сериозна загриженост од продолжување на информациите за намерите на САД да започнат со масивна испорака на оружје за Украина“, рече Лукашевич.

„Во Конгресот, дури, се разработува специјален закон кој предвидува издвојување на милијарда американски долари за опремување и обука на украинската армија, небаре во Вашингтон се подготвуваат да ја земат под целосна управа“, додаде портпаролот на руското министерство за надворешни работи.

Додаде дека „очигледно е дека тие (САД) имаат намера во оваа земја да несат немир“. „Би било убаво властите во Киев и целиот украински народ да се замислат за последиците од таквите чекори“, рече Лукашевич порачувајќи дека „со оружје војната не се гаси“.

„Одново го предупредуваме Вашингтон за огромната штета врз нашите билатералните односи, доколку започне со убивање на населението во Донбас со американско оружје. Испораките на оружје нема да бидат само поткопување на примирјето туку ќе придонесат и за ескалација на југоистокот, а ќе ја загрозат и безбедноста на Руската Федерација“, рече рускиот дипломат.

Минатите денови беше објавено дека САД планираат да испратат во Украина во периодот од март до октомври најмалку 300 војници во рамките на проектите за соработка со украинската армија. Американскиот воен персонал ќе биде сместен во Меѓународниот центар за поддршка на мирот и безбедноста (International Peacekeeping and Security Center — IPSC) на Јаворовскиот полигон во Л’вовската област во рамките на заедничките воени вежби. Според соопштението на Киев, „предвидено е овие активности да траат од 5-ти март до 31-ви октомври 2015 година, само околу осум месеци„.

Американски функционери од администрацијата на Белата куќа велат дека стравуваат од ескалација на судирот, а не сакаат и САД да бидат вовлечени во посредна војна со Русија.

Викторија Нуланд, помошничката на американскиот државен секретар за европски прашања, изјави на конгресното сослушување во средата дека САД во последните 14 месеци дале 118 милиони долари за безбедносна помош за Украина, а само во февруари годинава Стејт департментот наменил речиси 17 милиони долари хуманитарна помош во оваа земја.

Американските конгресмени од двете партии изразуваат фрустрираноста од отпорот на администрацијата на претседателот Барак Обама да испорача смртоносно оружје во Украина, сметајќи ја ситуацијата во Украина за руска агресија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија5 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија8 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија9 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија11 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија12 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет12 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија13 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет13 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија13 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет13 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...