Контакт

Вести

Во Мексико убиен свештеник, трет во една седмица

Објавено пред

Со куршуми изрешетаното тело на свештеник кој пред една седмица исчезна на западот од Мексико е пронајдено во неделата, соопштија локалните власти, што е трет свештеник убиен за една седмица во оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Свештеникот Хозе Алфредо Лопез Гуљен, кој минатиот понеделник исчезна од канцеларијата на неговата парохија во селото Ханамуато, во немирната сојузна мексиканска држава Мичоакан, бил пронајден во саботата навечер. Имал рани од куршуми по телото и бил мртво 120 часа, соопштија од канцеларијата на државниот обвинител.

„Со длабока тага јавуваме дека е пронајдено телото на Алфредо Лопез Гуљен, се молиме за неговата душа“, објави на Twitter надбискупијата во Мореља, главниот град на државата Мичоакан.

Пред да биде објавена смртта на Гуљен, Католичкиот информативен центар кој го регистриран насилството над свештениците, објави податок според кој 14 свештеници се убиени во Мексико од декември 2012 година, кога претседателот Енрике Пена Нието ја презема должност.

Во извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот за минатата 2015 година се наведува дека претставниците на амбасадата на САД се сретнале со претставници на мексиканската влада за да „изразат загриженост поради убиствата на католичките свештеници, заканите за католичките монаси и информациите за злоставувањето на евангелистичките христијани“.

Другите двајца свештеници, Алехо Набор Хуменез Хуарез и Хозе Алфредо Суарес де ла Круз беа пронајдени мртви минатиот понеделник, истиот ден кога исчезна Гуљен, во сојузната држава Веракруз, на истокот од Мексико.

Сојузните држави Мичоакна и Веракруз со години се изложени на големо насилство поради судирите на сојузните власти со локалните банди и трговците со дроги, и особено поради меѓусебните војни на наркокартелите за контрола на територијата./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Објавено пред

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.

47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.

„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.

Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.

„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.

Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.

„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.

Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.

Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.

За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.

Прикажи повеќе...

Вести

„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема“, родителите од „Рибникар“ огорчени, не дозволуваат настава кај што имаше масакр

Објавено пред

Родителите на некои од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, кои вчера учествуваа во емисијата „Впечаток на неделата“ на спрската „ТВ Нова“ истакнаа дека не сакаат нивните деца да се вратат во таа училишна зграда и побараа да се прекине наставата.

dobivaj vesti na viber

Бојан од Белград, татко на седумгодишно дете од ова училиште, истакна дека учебната година требало да заврши на 3 мај на ниво на цела Србија.

„Ова беше преседан… За мене нашите улици, овој град, ова општество се контаминирани. Морам да апелирам до граѓаните на Србија да размислат, секое дете можеше да биде на местото на тие деца… Сите сме засегнати како држава. Мојот син вели дека не помислува да оди во тоа училиште“, рече тој.

Мајката на двајца ученици од ова белградско училиште истакна дека повеќе нема да ги носи своите деца во таа образовна институција.

„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема… Целта ми е децата да завршат училиште, секако и да ги лекуваат децата на училиште, но училиштето не е болница. Тоа треба да биде едно место каде што нашите деца треба да растат и учат. На децата да им се помогне и да се донесе терапевт, што ќе недостасуваше да е некаде во парк или во детски културен дом или во ливада…Нема да ги вратам децата во тоа училиште, ќе ги пратам назад на училиште, но не на тоа место“, рече таа.

Александар, таткото на учениците од ова основно училиште, се согласува учебната година да заврши.

„Имаме многу едноставни очекувања што треба да направи државата. Очекуваме да заврши учебната година, не очекуваме децата да се сретнат на местото на извршување и државата да обезбеди алтернативна локација каде децата ќе се сретнат и ќе си ги видат раните. Тоа училиште веќе не може да биде училиште за нас. Од моментот на масакрот, тоа веќе не е училиште, туку почетна точка“, рече тој.

Марија, мајка на седмоодделенци од ова училиште, истакна дека она што го доживеале како родители е „нивното најголемо страдање“.

„Не дозволувам мојот син да се врати во тоа училиште, му се јавив на класниот раководител да го избрка од училиште“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Вести

Избори во Грција: Убедлива победа на владејачката партија, но не доволна за формирање на влада

Објавено пред

Владеачката партија во Грција, Нова демократија извојува убедлива победа на денешните парламентарни избори, но не успеа да обезбеди доволно гласови за сама да формира влада.

dobivaj vesti na viber

По пребројувањето на повеќето гласови, конзервативната Нова демократија поведе убедливо со 40,8 отсто, победувајќи ја радикалната левичарска Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година и освои 20,1 отсто од гласовите.

Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во понеделник ќе им даде на трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК, три дена да формираат коалициска влада.

Доколку ниту еден од нив не успее, претседателот ќе назначи привремена влада која за околу еден месец ќе подготви нови избори. Премиерот и лидер на Нова демократија Киријакос Митотакис рече дека верува дека добил јасен мандат.

„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на расположените толпи пред седиштето на партијата во центарот на Атина.

Резултатот беше неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се бори со скандалот со прислушувањето, пандемијата „Ковид-19“, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари што предизвика гнев во јавноста.

Подеднакво, тоа беше катастрофа за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, огнен левичар кој катапултираше на власт во 2015 година благодарение на незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза што ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. Ципрас му се јавил на Микотакис за да му ја честита победата, изјави претставник на Сириза.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ6 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ7 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ9 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија11 часа

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија14 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија14 часа

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија15 часа

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија15 часа

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија15 часа

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет15 часа

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија16 часа

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион17 часа

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...

Регион17 часа

„Не ви е местото во Советот на Европа и ЕУ“: европски политичари со предупредување до Косово

Последната ескалација на насилството покажа дека за Косово нема место во Советот на Европа и ЕУ, изјави портпаролот за надворешни...

Свет17 часа

МААЕ бара од Русија и од Украина да ја заштитат нуклеарната централа во Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, побара од Украина и Русија да ги прифатат петте принципи...

Свет17 часа

Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО. Блинкен рече дека...

Свет17 часа

(Видео) Пожар во руска нафтена рафинерија: веројатно причина е напад со дрон

Пожар избувна на територијата на рафинеријата „Афипски“. Се запали фабриката за дестилација на мазут. Причината можеби е напад со дрон“,...

Свет1 ден

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на окупираните територии во Украина, ЕУ не ги признава

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на регионите во Украина, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Таа одлука е...

Македонија1 ден

Професорката Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Професорката од Економскиот институт Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ. Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана...

Свет1 ден

Путин жестоко се закани, бара апсење на двајца генерали

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и...