Контакт

Вести

Во нападите врз IS педесет убиени, џихадистите ветија одмазда

Објавено пред

Терористичката џихадистичка организација Исламска држава ќе одговори на нападите на меѓународната коалиција предводена од САД во кои во вторникот беа убиени 50 нејзини припадници, соопшти нејзиниот претставник, додека НАТО соопшти дека не учествува во овие напади, Дамаск соопшти дека ќе соработува во борбата против тероризмот, Лондон дека сé уште не учествува во ударите против IS, a Русија повтори дека за овие напади мора да има согласност од власта на Сирија.
 

dobivaj vesti na viber

Терористичката џихадистичка организација Исламска држава ќе одговори на нападите на меѓународната коалиција предводена од САД во кои во вторникот беа убиени 50 нејзини припадници, соопшти нејзиниот претставник, додека НАТО соопшти дека не учествува во овие напади, Дамаск соопшти дека ќе соработува во борбата против тероризмот, Лондон дека сé уште не учествува во ударите против IS, a Русија повтори дека за овие напади мора да има согласност од власта на Сирија.

 

„На тие напади ќе одговориме. Синовите на Салул се виновни за тоа. Сé се случи поради нив“, изјави претставник на Исламската држава за Reuters користејќи го терминот кој се употребува за да се означи кралското семејство коешто владее со Саудиска Арабија.

Според последните податоци од активистите на теренот на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, во воздушните напади на коалицијата врз позициите на џихадистите во северната сириска покраина Рака биле убиени 50 луѓе. Според овие информации, повеќето од жртвите се во северната област на Идлиб и се странски борци.

Претходно беше јавено дека се убиени 30 борци на Исламската држава и осум цивили, од кои една жена и три деца, во првите напади на меѓународната коалиција предводена од САД во Сирија со што се проширува операцијата против џихадистите во соседен Ирак на 8-ми септември.

Во вторникот НАТО соопшти дека не учествува во воздушните удари на САД и неколкуте сунитски арапски земји врз Исламската држава во Сирија, додека Велика Британија сé уште не одлучи дали ќе се приклучи.

„НАТО не е вклучен“, одговорил функционер на Северноатлантската алијанса на прашање на Reuters.

Портпаролот на министерството за одбрана на Велика Британија, изјави дела за ова прашање сé уште траат разговори во Лондон. Кабинетот на премиерот Дејвид Камерон соопшти дека Британија во моментов не учествува во акциите против сунитските милитанти кои заземаа големи области од Ирак и Сирија.

Како што е објавено во вторникот, цели на дваесетината воздушни и ракетни напади биле разни цели на Исламската држава, вклучително и кампови за обука, командни места и складишта за оружје и муниција во северните и источните сириски области. Во меѓувреме Сирија соопшти дека ќе соработува со сите од меѓународната заедница во борбата против тероризмот и дека нема да престане да се бори против Исламската држава на својата територија, откако коалицијата предводена од САД првпат ги изврши воздушните напади, но откако претходно го извести официјален Дамаск.

Сириското министерство за надворешни работи го примило писмото од американскиот државен секретар Џон Кери непосредно пред нападот со кое е известено дека САД и нејзините сојузници планираат да ја нападната Исламската држава во Сирија, пренесе државната новинска агенција SANA. „Тоа писмо го примивме часови пред почетокот на нападите“, се наведува во цитираното соопштение на сириската дипломатија.

Официјален Дамаск, притоа, објави дека споменатиот допис известување од американскиот државен секретар Кери го добил преки Ирак, како и дека сириската влада на претседателот Башар ал-Асад ќе продолжи да соработува со владата во Багдад на „највисоки нивоа“.

Сириската влада најави и дека ќе продолжи со своите копнени и воздушни напади врз Исламската држава кај Рака и Деир ал-Зор во источниот и во северниот дел од земјата, областите кои ноќта кон вторникот ги гаѓаше и американската авијација.

Рускиот претседател Владимир Путин пред почетокот на американските напади врз џихадистите во Сирија во вторникот инсистираше дека таквата акција мора да биде одобрена од Дамаск, бидејќи во спротивно тие дополнително ќе ја влошат и разгорат тензијата во земјата.

„Секоја таква операција мора да се спроведе со меѓународните закони. Тоа значи дека не е доволно формално, еднострано известување за воздушните напади, туку изрична одобрување на сириската влада или соодветна одлука на Советот за безбедност на ОН“, се истакнува во соопштението на рускиот претседател, што го цитира РИА Новости.

„Обидот за остварување на сопствените геополитички цели преку кршење на суверенитетот на земјите во регионите може само да ги влоши тензиите и дополнително да ја дестабилизира ситуацијата“, додава Путин./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија3 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија3 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија4 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија5 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија6 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија6 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија6 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија7 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија7 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија7 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија7 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија7 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија8 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија9 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија10 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија12 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија13 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....