Свет
(Видео) Арапските земји бесни на Иран
По ноќниот ирански ракетен напад врз Кувајт и Бахреин, во кој загинало едно лице, а над 60 се повредени, на Блискиот Исток избувна силна дипломатска криза.
Кувајт, Бахреин и повеќе арапски држави остро го осудија нападот, наведувајќи дека биле погодени цивилни и витални објекти, како и дипломатска мисија. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија го нарекоа нападот „терористички чин“ и тешко кршење на меѓународното право.
Terminal One at Kuwait International Airport suffered significant damage, with multiple civilians being injured, in last night’s retaliatory drone and missile attack by Iran, which reports initial claimed had only failed to target Ali Al Salem Air Base. pic.twitter.com/m2g4NaIt4f
— OSINTdefender (@sentdefender) June 3, 2026
Осуди пристигнаа и од Катар, Јордан, Јемен и Либан, при што повеќето држави предупредија дека ваквите акции ја зголемуваат нестабилноста во регионот и претставуваат директно кршење на суверенитетот на државите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел нареди евакуација на пет населени места во јужен Либан
Израелската армија денеска нареди итна евакуација на сите жители на пет градови и села во јужен Либан, јави ДПА.
Портпаролот на армијата Авичаи Адраех рече дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за своја безбедност и да се преселат северно од реката Сахрани. Секој што останува во близина на борците на Хезболах, нивната опрема или муниција ги става во опасност нивните животи, објави тој на X.
Како основа за дејствијата на израелската армија ги посочи прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Хезболах. Ова доаѓа откако лидерот на Хезболах Наим Касим го отфрли договорот меѓу либанската влада и Израел.
Во израелските воздушни напади во јужен Либан денеска загинаа девет лица, вклучително и тројца војници на либанската армија, соопштија либанската армија и државните медиуми, неколку дена откако двете страни постигнаа нов договор за прекин на огнот.
Воздушните напади уследија еден ден откако либанскиот претседател и премиер го критикуваа Иран дека се спротивставува на најновиот договор за прекин на огнот меѓу либанската влада и Израел.
Израелските трупи веќе зазедоа околу една петтина од територијата на Либан, напредувајќи подалеку кон југот на земјата отколку кога било од крајот на израелската окупација 1982-2000 година.
Повеќе од 3.500 луѓе загинаа во Либан од почетокот на војната. Најмалку 29 израелски војници и тројца цивили се убиени во борбите.
Свет
Зеленски: Украинските дронови погодија складиште за нафта во Краснодар и воена база во Санкт Петербург
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските дронови синоќа погодиле складиште за нафта во рускиот регион Краснодар и воена база во близина на Санкт Петербург.
Тој на платформата Икс објави дека акцијата е дел од украинскиот одговор на руските напади.
Русија мора да ја заврши војната и да ги запре нападите врз човечки животи. Секоја неправда извршена против Украина ќе добие фер одговор, истакна Зеленски.
Претходно, украинските власти соопштија дека во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе.
Регион
(Видео) Страшна сообраќајка во Софија, летале со над 150 км на час, удриле во автобус и го превртеле
Тројца луѓе загинаа, а најмалку 13 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи на булевар во софиската населба Челопечене, откако автомобил кој, според истрагата, учествувал во нелегална улична трка, со брзина поголема од 150 километри на час, удрил во автобус на градската линија 119 и го превртел на страна. Според бугарското обвинителство, двајцата возачи кои се осомничени дека се тркале по сообраќајницата се сметаат за директно одговорни за трагедијата.
Меѓу загинатите се двајца патници во автобусот, мажи на возраст од 27 и 31 година. Едниот починал на местото на несреќата, а другиот им подлегнал на тешките повреди во болница. Подоцна починал и трет маж кој бил хоспитализиран во болницата „Св. Ана“. Меѓу повредените има лица со тешки повреди на главата, скршеници и повеќекратни трауми, а дел од нив се наоѓаат во критична состојба. На местото на несреќата биле испратени десет екипи на брза помош, кои повредените ги пренеле во неколку болници во Софија.
Заменик-градскиот обвинител на Софија, Ангел Канев, изјавил дека досегашните докази укажуваат оти станувало збор за импровизирана трка меѓу два автомобили. Според него, автомобилот што удрил во автобусот го погодил странично со огромна брзина, по што возилото на јавниот превоз се превртело во одводен канал покрај патот. Истражителите утврдиле дека на коловозот речиси и да нема траги од кочење, што дополнително упатува на екстремно висока брзина непосредно пред ударот.
Во едниот автомобил се наоѓале две лица, а во другиот тројца. Според обвинителството, дел од учесниците немале валидни возачки дозволи, а во едното возило дури настанала расправија околу тоа кој всушност управувал со автомобилот во моментот на несреќата. Тестовите за алкохол и наркотични супстанци биле негативни, но одземени се дополнителни примероци за анализа. Еден од автомобилите по судирот продолжил неконтролирано да се движи и уништил автобуска постојка на околу 25 метри од местото каде што бил удрен автобусот.

Несреќата предизвика целосен сообраќаен колапс во североисточниот дел на Софија. Патниот правец кон Казичене и Челопечене со часови беше затворен додека екипите на полицијата, пожарната и форензичарите ги отстрануваа остатоците и вршеа увид. Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, изрази сочувство до семејствата на жртвите, а бугарските власти најавија темелна истрага за околностите под кои дошло до една од најтешките сообраќајни трагедии во главниот град во последните години.
