Контакт

Свет

(Видео) Безос: Овој пат се враќаме на Месечината за да останеме, мора да бидеме побрзи од Кина

Објавено пред

САД планираат да се вратат на Месечината, но овојпат со намера таму да воспостават трајно и економски одржливо присуство, за разлика од кратките експедиции во рамките на програмата „Аполо“, изјави основачот на „Амазон“ и вселенската компанија „Блу Ориџин“, Џеф Безос.

„Овојпат одиме на Месечината за да останеме, а тоа ќе го направиме со помали трошоци. Тоа нема да биде само уште една мисија по која се враќаме дома. Ќе биде вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината“, изјави Безос вчера за „Фокс њуз“.
Тој оцени дека постојат сите причини да се верува дека луѓето повторно ќе можат да стапнат на Месечината во 2028 година, нагласувајќи ја важноста на натпреварот со Кина.

„Мора да ја победиме Кина во враќањето на Месечината. Верувам дека ќе успееме“, порача Безос.

Според него, Месечината може да послужи како логистичка база за идните мисии со човечки екипаж кон Марс. Тој посочи дека патувањето до неа трае околу три дена, а поради послабата гравитација, за подигнување товар од нејзината површина е потребна значително помалку енергија отколку од Земјата.

Компанијата „Блу Ориџин“ е еден од клучните комерцијални партнери на НАСА во програмата „Артемис“. Таа развива систем за слетување на Месечината со кој астронаутите треба да бидат пренесени на нејзината површина во рамките на мисијата „Артемис V“.

Најново

Спорт1 час

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет2 часа

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт2 часа

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...