Контакт

Европа

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Објавено пред

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската Унија, предупредувајќи дека слични активности се одвиваат и во Франција и во Германија.

Премиерот од редовите на Лабуристичката партија во подкастот The Rest is Politics изјави дека, по пристигнувањето во Даунинг стрит, се распрашал за можното руско мешање во гласањето од 2016 година.

„Добив јасен одговор: да, имаше такво нешто.“ „Мислам дека всушност зазедовме премногу дефанзивен став во врска со ова и не ја информиравме доволно јавноста за тоа во која мера странските актери се обидуваат да го нарушат политичкиот процес“, додаде Бернам, како што пренесе Би-би-си.

Тој не изнесе дополнителни детали за природата или обемот на активностите на Москва за време на референдумот за Брегзит, на кој 51,89 отсто од Британците гласаа за излез од ЕУ, а 48,11 отсто гласаа за останување.

„Britain Unbound“, организација што се залагаше за Брегзит, изјави дека изјавите на Бернам се „уште еден груб обид да се поткопа легитимноста на одлуката што ја донесе британскиот народ во 2016 година“.

За руските дезинформации разговарал и со Мерц

Бeрнам откри дека за прашањето за руското мешање разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на посетата на Берлин минатата недела, пренесува Би-би-си.

Тој тврдеше дека од Русија „секако доаѓаат дезинформации“ кои „вршат притисок врз германската политика“.

Ова е првпат некој британски премиер да изјави дека Русија се обидела да влијае на референдумот за Брегзит во 2016 година, иако одамна постојат предупредувања за обидите на Кремљ да влијае врз британската политика.

Уште во 2020 година, Комитетот за разузнавање и безбедност при британскиот Парламент објави извештај за руското мешање во британските избори и референдуми.

Извештајот не донесе заклучок дали Русија се обидела да влијае на исходот од референдумот за ЕУ, но упати критики до низа влади бидејќи не успеале целосно да ја проценат таа закана или да ѝ се спротивстават.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...