Свет
(Видео) Иран го потврди нападот врз Димона, бројот на повредени се искачи на 47
Во ракетниот напад врз Димона, град на југот на Израел, повредени се 47 лица, кои моментално се на болничко лекување. Како што соопшти израелската служба за итни случаи, повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели (мали парчиња метал што се распрснуваат при експлозија на ракета).
Меѓу повредените е 10-годишно момче кое е во сериозна состојба и 30-годишна жена која се здобила со повреди од парчиња стакло. Другите повреди се полесни. Димона се наоѓа на околу 13 километри од Центарот за нуклеарни истражувања Негев.
Fire in Dimona after an Iranian missile strike.
Earlier, Iran struck Israel’s Dimona with a missile, hitting a residential area.
The country’s main nuclear facility is located not far from the city. https://t.co/o4cuR8iapt pic.twitter.com/bVXuAiQFO1
— NEXTA (@nexta_tv) March 21, 2026
Иран потврди дека го извршил нападот врз Димона, велејќи дека тоа е одговор на нападите на САД и Израел врз нуклеарната централа Бушер и објектите во Натанз.
Иранската новинска агенција Тасним напиша: „Непријателот повторно доби незаборавна лекција. Ракетниот напад врз областа Димона уште еднаш испрати јасна порака: ниедна област не е безбедна од ирански ракети. Непријателот мора да се предаде пред да биде предоцна.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се евакуираат девет села во јужен Либан пред најавените воздушни напади
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах.
Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“.
Портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адраи, рече дека војската дејствува против Хезболах поради, како што рече, кршење на договорот за прекин на огнот, со порака дека операциите не биле насочени против цивили.
Израелската армија објави дека дрон лансиран од Либан активирал сирени во областа на планината Мерон, но дека нема повредени во инцидентот и дека „ситуацијата е завршена“.
Како што претходно денес објави либанската агенција ННА, израелските воени авиони утрово извршија воздушни напади врз градот Џохмор ел Шакиф на југот на Либан.
Според истиот извор, градовите Кфар Тебнит, Арнун и Џохмор ел Шакиф, како и подрачјето на патот Арнун-Кфар Тебнит, биле изложени на силно артилериско бомбардирање.
Израел и Либан претходно се согласија да го продолжат примирјето прогласено од американскиот претседател Доналд Трамп на 16 април за 45 дена, како што објави Стејт департментот синоќа.
Свет
Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми.
Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на отворање на Годината на образованието на Русија и Кина за периодот 2026-2027 година.
Како што е најавено, Путин за време на престојот ќе се сретне и со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Чијанг.
Свет
Во Чешка уапсен маж кој од црква украл череп стар речиси 800 години
Чешката полиција уапси 35-годишен маж осомничен за кражба на религиозна реликвија стара речиси 800 години – череп за кој се верува дека ѝ припаѓа на светата Здислава од Лемберк.
Според полицијата, осомничениот признал дека ја украл реликвијата од црквата „Свети Ловро“ во северниот чешки град Јаблоне в Подјештеди.
Истражителите со специјална опрема утврдиле дека черепот бил скриен во бетонски блок и не бил оштетен. Во моментов, реставратори работат на негово безбедно вадење.
Осомничениот изјавил дека се противи на јавно изложување човечки останки и планирал черепот да го фрли во река и приватно да го погреба.
Кражбата се случила на почетокот на црковна служба, а против мажот е покрената истрага за кражба, оштетување имот и нарушување на јавниот ред. За овие дела му се заканува затворска казна од две до осум години.
Прашкиот надбискуп Станислав Прибил изјави дека реликвијата ќе биде вратена во базиликата и во иднина ќе биде заштитена со непробојно стакло и алармен систем поврзан со полицијата.
Светата Здислава од Лемберк била чешка благородничка од 13 век, позната по основање манастири и болници и по грижата за сиромашните. Папата Јован Павле Втори ја прогласи за светица во 1995 година.
