Контакт

Свет

(Видео) Криста Пајк се разбуди од кома по неуспешното извршување на смртната казна: таа е свесна и зборува

Објавено пред

Педесетгодишната Криста Пајк преживеа обид за погубување при што ѝ беа вбризгани две дози од смртоносниот пентобарбитал, а нејзините адвокати соопштија дека таа е свесна. Таа беше префрлена во болница на 30 септември, откако сојузната држава Тенеси не успеа да ја изврши смртната казна во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Нешвил.

„И покрај сите очекувања, Криста Пајк е свесна, зборува и продолжува да добива итна медицинска нега“, изјавија нејзините адвокати на 6 октомври. „Нејзиното закрепнување претставува медицински преседан. Прогнозата останува неизвесна, но очекуваме, во најмала рака, долготрајно закрепнување.“

Адвокатите додадоа дека Пајк сè уште е врзана со лисици за болничкиот кревет, „и покрај тешките повреди на рацете“. Тие им се заблагодарија на екипите за итна помош и на болничкиот медицински тим кои, како што рекоа, „се однесуваа кон Криста како кон човечко суштество и ѝ пружија одлична нега“.

Таа беше приклучена на апарат за вештачко дишење по двете смртоносни инјекции.

Пајк е „единствената личност за која се знае дека преживеала обид за погубување во САД“, истакнаа нејзините адвокати. Сè до 2 октомври, тие известуваа дека таа е во несвесна состојба и приклучена на апарат за вештачко дишење.

Одделот за поправни установи на Тенеси тврди дека нивниот тим го почитувал државниот протокол. „Хемикалијата за смртоносна инјекција што се користи во протоколот досега секогаш била ефикасна, а протоколот не предвидува дополнителни постапки надвор од оние што беа спроведени таа вечер“, соопшти управата.

Гувернерот Бил Ли нареди независна истрага за целиот случај. Тој исто така го одложи единственото преостанато погубување закажано во Тенеси за 2026 година.

Осудена за убиство извршено во 1995 година

Криста Пајк беше осудена на смрт за убиството на нејзината колешка, 19-годишната Колин Слемер, во јануари 1995 година. Пајк во тоа време имала 18 години.

Според судските документи и извештаите на АП, Пајк, заедно со Тадарил Шип и Шадола Питерсон, ја намамиле Слемер во пошумена област. Таму, Пајк и Шип ја нападнале и ја убиле, додека Питерсон чувала стража. Пајк ја претепала Слемер со големо парче асфалт и задржала дел од нејзиниот череп како сувенир. Шип подоцна признал дека врежал пентаграм на градите на жртвата.

Пајк била единствената од обвинетите што добила смртна казна. Шип, кој во времето на убиството имал 17 години, бил осуден на доживотен затвор со можност за условно ослободување. Петерсон добила условна казна од шест години откако се изјаснила за виновна за помагање по извршувањето на кривичното дело.

Најново

Спорт3 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт19 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет1 час

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...

Свет3 часа

Италија: Црвено предупредување за невреме во Тоскана, погодени се и други региони

Властите денес издадоа црвено предупредување за времето за Тоскана, додека бурата што моментално ја погодува Италија донесе обилни врнежи од...