Контакт

Свет

(Видео) Мечка нападна четири лица во Јапонија и избега: жителите се предупредени

Објавено пред

Мечка повреди четири лица во станбена област во Фукушима во североисточна Јапонија. Ова е последен во серијата напади во дел од земјата каде што мечките сè повеќе влегуваат во населени области во последните години, објавува „Euronews“

По извештајот од фабриката за челик Фукушима за напад врз двајца вработени, полицијата и пожарникарите се упатија кон местото на настанот во областа Сасакино. Снимките од безбедносните камери покажуваат црна мечка како брка вработен во близина на влезот. Додека маж во дваесеттите години се обидува да избега, мечката го соборува на земја. Потоа животното влегло во фабричкиот комплекс и повредило друг работник, маж во шеесеттите години.

Потоа мечката нападнала трето лице, вработен во друга компанија, исто така во шеесеттите години. Противпожарната служба на градот Фукушима извести дека е повредена и 80-годишна жена од соседството. Тројца мажи се здобиле со полесни повреди, а една жена се здобила со умерени повреди, но ниту една не е опасна по живот.

Страв кај жителите
Мечката не е фатена. Се верува дека е во комплексот на друга компанија, кој е опкружен со полиција. Две училишта во близина се затворени, вклучувајќи го и основното училиште Нода, кое одржуваше настава преку интернет и издаде предупредување до жителите да „избегнуваат непотребни излегувања и да останат безбедни“.

Нападот ги вознемири жителите и ги оживеа стравовите од минатата година, кога војската беше повикана да се справи со нападите на мечки на северот од земјата.

Рекорден број напади
Во префектурата Акита, минатата година беа нападнати повеќе од 60 лица, од кои четворица починаа. Според Министерството за животна средина на Јапонија, 2025 година беше рекордна година со повеќе од 230 напади на мечки, во кои 13 лица ги загубија животите.

Експертите велат дека зголемениот број напади на мечки се случува во регион со брзо стареење и намалување на населението, и помалку луѓе обучени да ловат животни.

Одговор на владата и совети за безбедност
Во март, јапонската влада ја процени популацијата на мечки на околу 57.800 и усвои план за управување со кој се бара систематско намалување на нивниот број.

Планот предвидува бројот на општински службеници за контрола на мечки да се зголеми тројно на 2.500 во текот на следните пет години, а бројот на стапици за мечки да се удвои. Мечки неодамна беа видени и во западните предградија на Токио, што ги натера службениците на паркот да постават дополнителни стапици и да објават предупредувања на социјалните медиуми.

Владата ја засили кампањата за подигање на јавната свест, повикувајќи ги планинарите и берачите на печурки да ги проверат извештаите за видувања на мечки и да избегнуваат престој на отворено во раните утрински и вечерните часови, кога мечките се најактивни.

Прирачникот на Министерството за животна средина советува да не паничите кога ќе се сретнете со мечка, туку полека да се повлекувате без да го свртите грбот или да трчате. Во случај на напад, последното средство е да легнете на стомак, да се свиткате и да го заштитите вратот со рацете. „Целта е да се избегнат фатални повреди“, се наведува во прирачникот.

Најново

Свет22 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија33 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет38 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника1 час

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...

Македонија2 часа

(Видео) Владата очекува да ги заврши реформите до декември, дел од законите сè уште се усогласуваат со Брисел

Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони...