Свет
(Видео) Ноќна тревога во базата на НАТО во Турција, граѓани снимија објект на небото
Сè уште нема официјално објаснување откако рано утрово се огласија сирени во турската воздухопловна база Инџирлик, клучен објект на НАТО во кој се наоѓаат и американски војници, во близина на југоисточниот град Адана.
Според извештај на АФП, жителите на Адана, која е оддалечена околу 10 километри од базата, биле разбудени околу 3:25 часот наутро од сирени кои се огласувале околу пет минути, објавува бизнис порталот Економим.
Порталот, исто така, наведува дека во базата е издаден црвена тревога.
Another video showing what appears to be a ballistic missile, likely launched by Iran, in the sky tonight over NATO’s Incirlik Air Base, located near Adana, Turkey. pic.twitter.com/Tyb79Rg99Q
— OSINTdefender (@sentdefender) March 13, 2026
Снимки снимени од граѓани на нивните мобилни телефони се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа светлечки објект како лета низ небото, што сугерира дека можеби станува збор за ракета насочена кон воздухопловната база.
Сирените на пожарникарите и безбедносните служби можеа да се слушнат низ целиот град долго време.
Video which appears to show a unknown ballistic missile in the sky over NATO’s Incirlik Air Base in Turkey, following reports of air raid sirens and explosions heard earlier in several towns surrounding Incirlik. pic.twitter.com/3apDnVyWQi
— OSINTdefender (@sentdefender) March 13, 2026
Ракети летаа кон Турција пред неколку дена
Инцидентот се случи четири дена откако воздушната одбрана на НАТО собори балистичка ракета во турскиот воздушен простор за која се тврдеше дека е испукана од Иран, втор таков инцидент за пет дена.
НАТО објави дека во понеделник е соборена втора балистичка ракета испукана од Иран, по што Турција го предупреди Техеран да не презема провокативни дејствија.
Објавата дојде кратко откако Вашингтон објави затворање на својот конзулат во Адана и ги повика сите американски граѓани да ја напуштат југоисточна Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авионска несреќа во Германија: Летало се урна во станбена зона, загинаа две лица
Две лица загинаа кога мал авион се урна во станбена зона во германскиот град Лимбургерхоф, јужно од Манхајм. Според медиумските извештаи, леталото експлодирало во воздух, а делови паднале врз куќите кои биле во близина.
Портпаролот на полицијата Торстен Мишлер изјави дека според досегашната истрага, двајцата патници во авионот загинале во несреќата, пренесува „Билд“.
Според германските медиуми, уште едно лице е повредено, додека бројни делови од леталото паднале во станбената зона по експлозијата на авионот во воздух.
Несреќата се случила околу 11:30 часот, а сведоци изјавиле дека авионот пред падот закачил една куќа.
Полицијата соопшти дека на терен се ангажирани бројни екипи на итните служби и дека подрачјето околу местото на несреќата е обезбедено.
Причината за падот на леталото засега не е позната, а истрагата е во тек.
Свет
Се евакуираат девет села во јужен Либан пред најавените воздушни напади
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах.
Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“.
Портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адраи, рече дека војската дејствува против Хезболах поради, како што рече, кршење на договорот за прекин на огнот, со порака дека операциите не биле насочени против цивили.
Израелската армија објави дека дрон лансиран од Либан активирал сирени во областа на планината Мерон, но дека нема повредени во инцидентот и дека „ситуацијата е завршена“.
Како што претходно денес објави либанската агенција ННА, израелските воени авиони утрово извршија воздушни напади врз градот Џохмор ел Шакиф на југот на Либан.
Според истиот извор, градовите Кфар Тебнит, Арнун и Џохмор ел Шакиф, како и подрачјето на патот Арнун-Кфар Тебнит, биле изложени на силно артилериско бомбардирање.
Израел и Либан претходно се согласија да го продолжат примирјето прогласено од американскиот претседател Доналд Трамп на 16 април за 45 дена, како што објави Стејт департментот синоќа.
Свет
Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми.
Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на отворање на Годината на образованието на Русија и Кина за периодот 2026-2027 година.
Како што е најавено, Путин за време на престојот ќе се сретне и со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Чијанг.
