Контакт

Свет

(Видео) Објавена е нова снимка од иранскиот напад врз американската база во Кувајт

Објавено пред

Нови снимки, до кои ексклузивно дојде CBS News, прикажуваат ирански напади врз голема американска воена база во Кувајт, извршени на самиот почеток на војната со Иран пред седум месеци. Американските сили биле цел на напад со балистички ракети и беспилотни летала, а сведоци известуваат дека во нападите учествувале и ирански борбени авиони „Ф-5“, пренесува CBS News.

Снимките, направени од лице присутно во базата Camp Buehring, ги прикажуваат моментите на ударите и експлозиите. Видливи се и оштетувања на објектите и на воената опрема.

Нападите врз Camp Buehring ги илустрираат предизвиците со кои се соочиле американските сили во првите денови од војната.

CBS News дознава дека војниците што ја бранеле базата се соочиле со критичен недостиг на муниција од калибар .50, а некои единици биле распоредени во пустината Удаири во Кувајт.

Реакции на Пентагон
Централната команда на САД (CENTCOM), која раководи со операциите на Блискиот Исток, одби да ги коментира нападите. Пентагон, исто така, не даде коментар, туку упати на изјавата на секретарот за одбрана Пит Хегсет од 4 март во врска со повлекувањето на трупите и одбранбените мерки.

„Истовремено зајакнувајќи ги нашите офанзивни капацитети, го преместивме огромното мнозинство од нашите трупи – повеќе од 90 проценти од оние стационирани во базите – на безбедно и надвор од дофатот на иранскиот оган“, изјави Хегсет пред новинарите во март.

Camp Buehring се наоѓа на околу 40 километри од ирачката граница и повеќе од две децении служи како клучна транзитна точка за американските сили на Блискиот Исток.

Најново

Спорт2 часа

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет2 часа

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт2 часа

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет3 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава3 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава4 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион4 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...