Свет
(Видео) Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на интернет
Во пресрет на состанокот меѓу претседателите на САД и Кина, американскиот државен секретар Марко Рубио застана да се загледа со восхит кон таванот на салата за состаноци во Големата народна сала во Пекинг.
Снимката од моментот предизвика низа реакции на социјалните медиуми.
Marco Rubio was very impressed with the ceiling and light fixatures inside the Great Hall of the People. pic.twitter.com/0ojbKaJoxD
— Zhao DaShuai 东北进修🇨🇳 Commentary (@zhao_dashuai) May 14, 2026
Видеото, кое брзо стана вирално на платформата X и кинеските социјални медиуми, го прикажува Рубио како гледа кон таванот, покажувајќи со прст кон него додека разговара со министерот за одбрана Пит Хегсет. Корисниците со ентузијазам коментираа за неговата реакција, а некои ја истакнуваа иронијата што Рубио технички е под кинески санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција под црвен аларм поради топлотен бран, 37 департмани со највисоко предупредување
Во Франција денеска 37 департмани се ставени под црвено ниво на предупредување поради силниот топлотен бран што ја зафати земјата, соопшти француската метеоролошка служба.
Уште 46 департмани се наоѓаат под портокалово ниво на тревога поради високите температури.
Според службата „Метео Франс“, ова е трет топлотен бран во изминатите месец и половина, а се очекува да трае најмалку до средината на следната недела. Постепено намалување на температурите се прогнозира од понеделник.
Зголемен ризик од пожари
Шумската метеоролошка служба предупреди на „многу висок“ ризик од шумски пожари во департманот Горна Гарона.
Дополнително, 54 други департмани се класифицирани со портокалово предупредување поради „висок“ ризик од пожари, што е последица на сушата и екстремните температури.
Скратена „Тур де Франс“
Поради екстремните временски услови, организаторите на велосипедската трка „Тур де Франс“ одлучија деветтата етапа, која се вози денеска меѓу Малмор и Усел, да биде скратена за 30 километри.
Високите температури влијаат и врз туристичките локации. Управите на Ајфеловата кула, музејот Лувр и музејот Орсеј одлучија да го скратат работното време поради жештините.
Француските власти во околу 30 департмани и градови најавија откажување на огномети по повод националниот празник 14 јули – Денот на Републиката и годишнината од падот на Бастилја, поради сушата и зголемениот ризик од пожари.
Свет
Трамп се прости од сенаторот Линдзи Греaм: „Ќе ни недостига многу“
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по повод смртта на долгогодишниот сенатор Линдзи Греaм, кој почина во саботата вечер на 71-годишна возраст.
Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ го опиша Греaм како еден од најголемите луѓе и сенатори што ги познавал.
„Сенаторот Линдзи Греaм, еден од најголемите луѓе и сенатори што некогаш сум ги познавал, почина. Секогаш работеше и беше вистински американски патриот. Линдзи многу ќе ни недостига. Толку е тажно“, напиша Трамп.
Почина по кратко и ненадејно заболување
Канцеларијата на сенаторот соопшти дека Греaм починал во саботата вечер по кратко и ненадејно заболување.
„Семејството на сенаторот Греaм им се заблагодарува на сите за молитвите во овој момент и бара приватност во овој исклучително тежок период“, се наведува во соопштението.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека причината за смртта бил срцев удар.
Републиканец со повеќедецениска политичка кариера
Линдзи Греaм беше републикански сенатор од Јужна Каролина и еден од најпознатите сојузници на Доналд Трамп во Сенатот.
Во американската политика беше активен повеќе децении, а беше познат по своите позиции во областа на националната безбедност, надворешната политика и одбраната.
Свет
Дете повредено при пресретнување на ирански ракети во Катар, сирените одекнаа во Бахреин
Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во Катар од делови на пресретнати ирански ракети, соопшти Министерството за внатрешни работи во Доха.
Од катарското министерство информираа дека повредените добиваат неопходна медицинска помош, а безбедносните служби и екипите на цивилната одбрана ги активирале процедурите за реагирање според мерките за вонредни ситуации.
Јордан: Три ракети паднаа на наша територија
Во меѓувреме, вооружените сили на Јордан соопштија дека три ракети лансирани од иранска територија паднале во рамки на Кралството.
Според јорданската армија, инцидентот не предизвикал повредени лица ниту значителна материјална штета, а состојбата се следи внимателно.
Во Бахреин, пак, била активирана сирена за тревога, а граѓаните биле предупредени да побараат засолниште поради можни закани.
Пакистан повика на воздржаност и дијалог
Пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар повика на воздржаност за време на разговорот со неговиот ирански колега Абас Аракчи.
Дар порача дека дијалогот и дипломатијата остануваат единствениот одржлив пат за решавање на споровите и постигнување долгорочен мир и стабилност во регионот.
ИРГЦ тврди дека погодила втор брод во Ормутскиот Теснец
Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека погодила втор брод во Ормутскиот Теснец, јавија иранските државни медиуми.
Според соопштението на ИРГЦ, станува збор за брод кој, како што тврдат, ги прекршил правилата за движење низ стратешкиот морски премин.
Иранските сили исто така соопштија дека извршиле напад врз американска база во Катар.
Најновите случувања доаѓаат во период на зголемени тензии во регионот по размената на удари меѓу Иран и САД и затворањето на Ормутскиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.
