Контакт

Свет

(Видео) Руски дрон погоди станбена зграда во Романија

Објавено пред

Руски дрон се урна синоќа во десеткатна зграда во центарот на романскиот град Галац, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на горниот кат.

Во инцидентот има повредени, но за среќа нема жртви.

Се верува дека дронот, кој влегол во романскиот воздушен простор, е дел од руски напад врз блиските украински цели. Според најновото соопштение од романското Министерство за одбрана, првичните информации укажуваат дека експлозивите во дронот Геран-2 се од руско потекло.

„Тимови експерти од Министерството за национална одбрана, Министерството за внатрешни работи и Романската разузнавачка служба ја продолжуваат истрагата во областа на станбената зграда во Галац, каде што дронот се урна утрото на 29 мај. Според првичните информации, целиот полнеж на дронот Геран-2, од руско потекло, експлодирал по ударот“, објави романското Министерство за одбрана.

Романското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот во Галац како сериозна и неодговорна ескалација од страна на Руската Федерација.

„Овој инцидент претставува сериозна и неодговорна ескалација од страна на Руската Федерација. Романија ќе преземе потребни дипломатски мерки како одговор на ова сериозно кршење на меѓународното право и нејзиниот воздушен простор.

Романија ги информираше земјите-членки на Европската Унија, сојузниците и генералниот секретар на НАТО за околностите и побара мерки за забрзување на трансферот на капацитети против беспилотни летала во Романија. Руската Федерација сноси директна одговорност за овие сериозни и неодговорни дејствија.

Романија ќе дејствува со најголема решителност за да го зголеми меѓународниот притисок врз Руската Федерација со цел да се постигне итно и сеопфатно прекинување на огнот“, објави романската министерка за надворешни работи, Тоиу Оана.

Најново

Забава10 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава10 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија11 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт11 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија11 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт11 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт11 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт11 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....