Контакт

Свет

(Видео) Силни бури, град и поплави ја прекинаа пеколната жештина во Италија, снег падна на Алпите

Објавено пред

Италија беше погодена од бран силни бури придружени со град и налети на ветер кои можеа да надминат 100 километри на час, со што заврши двонеделниот период на екстремна жештина, додека бурата предизвика поплави, паднати дрвја и отстрани покриви во некои области, додека снег падна на превојот Стелвио во Алпите.

Метеоролозите наведуваат дека влошувањето на времето се случило поради продор на студен фронт од северна Европа, кој се судрил со маса екстремно топол воздух што ја зафати Италија во претходните недели, објавува порталот „Квоотидијано“.

Според прогнозите, бурата ќе се прошири од северот на земјата кон централните и јужните делови на Италија во текот на наредните денови, носејќи пад на температурите и освежување, но и ризик од екстремни временски настани.

Италијанските власти издадоа портокалово предупредување за бура за поголемиот дел од Ломбардија, додека жолто временско предупредување е на сила во неколку региони, вклучувајќи ги Венето, Фриули Венеција Џулија, Трентино-Јужен Тирол и Емилија Ромања.

Метеоролозите предупредуваат дека по краткотрајното заладување, Италија би можела да биде погодена од нов бран високи температури веќе за време на викендот, пренесува Танјуг.

Фото: ЕПА

Најново

Македонија1 минута

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион24 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија35 минути

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава41 минута

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава56 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет1 час

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет1 час

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија1 час

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија2 часа

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...