Контакт

Свет

(Видео) Трамп му врачи медал за наука на Илон Маск: „Тој е нашиот современ Томас Едисон“

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му го врачи престижниот Национален медал за наука на директорот на „SpaceX“, Илон Маск, на свеченост одржана во Институтот за мир во Вашингтон. Покрај Маск, признанија добија и неколку други лидери од технолошкиот сектор: коосновачот на „Google“, Сергеј Брин, директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, и шефицата на „AMD“, Лиса Су, пренесува „Euronews“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што се тука додека ги славиме возбудливите достигнувања во науката и технологијата во златното доба на Америка“, рече Трамп во своето воведно обраќање.

Потоа, тој посебно се осврна на Маск, нарекувајќи го индустриски титан и „современ Томас Едисон“.

„Малкумина Американци во историјата направиле повеќе за националните интереси на Америка од Илон, и тоа во различни области. Неговиот гениј и решителност ја претворија научната фантастика во реалност“, изјави Трамп. Претседателот додаде: „Илон, честитки. Пријатели сме и сè тоа, но ти си навистина посебен човек. Ти благодарам многу и честитки“.

И покрај пофалбите на свеченоста, Трамп и Маск имаа прилично нестабилен однос во последните години. Маск му се придружи на Трамп во подоцнежните фази од неговата претседателска кампања, а по враќањето на Трамп во Белата куќа во јануари 2025 година, тој ја презеде истакнатата улога на шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE).

На таа позиција, тој ја предводеше иницијативата за значително поголема штедливост на државната администрација. Сепак, нивниот однос се влоши откако Маск го критикуваше предлог-законот на Трамп за буџетски расходи, познат како „Еден голем, прекрасен закон“ (One Big Beautiful Bill). Ова поттикна жесток и јавен конфликт меѓу нив двајцата.

Сепак, во последните недели, Маск се врати во најтесниот круг соработници на Трамп. Шефот на „Тесла“ треба да стане ко-лидер на проектот „Меридијан“, кој беше покренат на барање на Министерството за одбрана. Проектот ќе се занимава со проучување на иднината на војувањето.

Неговата цел е да се идентификуваат оружјата и технологиите што американската војска ќе треба да ги развие и совлада. Проектот исто така треба да предложи конкретни решенија за нивниот развој, тестирање и примена на терен.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Маск го добил Националниот медал за наука за инженерски достигнувања со исклучителна амбиција и обем, кои ги поместиле границите на истражувањето на вселената, интелигентните системи и комуникациите. Во образложението се додава дека „со тоа е вратено американското технолошко лидерство и е отворено ново поглавје во американското производство“.

фото/ЕПА

Најново

Македонија29 секунди

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава25 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа34 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион45 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет57 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура2 часа

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...